Спорт
Шампионот не е „мртов“ – Хамилтон со каталонска победа
Откако многумина го „отпишаа“ по првите три трки од сезоната, Луис Хамилтон се врати со втора победа во низа, доминирајќи на Шпанското ГП во Барселона пред својот колега од Мерцедес, Валтери Ботас и возачот на Ред бул, Макс Ферстапен.
Себастијан Фетел …

Откако многумина го „отпишаа“ по првите три трки од сезоната, Луис Хамилтон се врати со втора победа во низа, доминирајќи на Шпанското ГП во Барселона пред својот колега од Мерцедес, Валтери Ботас и возачот на Ред бул, Макс Ферстапен.
Себастијан Фетел во еден дел од трката беше на второто место, но на крајот по лошата стратегија со влегување во боксот, заврши на четвртото место, за сега да заостанува 17 поени зад Хамилтон. Британецот има 95 поени, пред Фетел со 78 и Ботас на третото место со 58 поени.
A dominating drive from @LewisHamilton ?
Your full #SpanishGP classification ? pic.twitter.com/Qp4FamGYQN
— Formula 1 (@F1) May 13, 2018
Стартот на трката го одбележи хаосот кој го предизвика Роман Грожан, откако со својот болид на Хас ја загуби контролата на една кривина и излета директно на патеката, каде што наодоаѓаа другите болиди. Во страшниот момент тој ги „собра“ и Пјер Гасли (Торо росо) и Нико Хилкенберг (Рено), и предизвика излегување на безбедносното возило.
Lance de carrera o Grosjean otra vez? #SpanishGP #F1 #ESPmovistarF1 #Crash pic.twitter.com/4aTXWRwfTM
— F1 every day (@F1everyday) May 13, 2018
Хамилтон стартуваше од пол-позицијата, и во ниту еден момент не беше под закана на ривалите, откако Мерцедес ги надмина проблемите со загревањето со гумите на Пирели.
Иако трката постојано се возеше под „закана“ на дожд, тоа не се случи и калкулациите на Фетел не успеаја откако тој по второто влегување во боксот заврши зад Ферстапен.
Hamilton: “Today I felt a synergy with the car that I hadn’t been feeling all year. The fans were incredible” #SpanishGP ?? #F1 pic.twitter.com/7yJ5hITCdF
— Formula 1 (@F1) May 13, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Грција и Белорусија им ги расипаа сметките на Данска и Шкотска
Драмата во Групата Ц, за пласман на Светското првенство ќе продолжи до самиот крај.
Данска и Шкотска се репрезентациите кои во претпоследното коло влегоа со 10 поени. На Днците им требапе победа, но кикснаа во Копенхаген против Белорусија, додека Шкотите загубија во Атина од Грција.
Грците ги победија Шкотланѓаните со 3:2 (1:0) во возбудлив натпревар, домашната екипа немаше што да изгуби, а избраниците на Иван Јовановиќ успеаја да слават голема победа на крајот, победа која дава самодоверба и ништо повеќе од тоа.
Грција нема шанси да се пласира во следната фаза, Шкотланѓаните ќе бараат победа во последното коло против Данска за да се квалификуваат за Светското првенство. Реми ќе им одговара на Данците.
Данците, против аутсајдерот Белорусија запошнаа според планот, со гол на Дамсгард во 11-та минута.
Вистонски шок фаворитите доживеаја во вториот дел. Два гола постигнаа Белорусите за само три минути. Стрелци беа Громико и Демченко.
Напаѓаше Данска до самиот крај, но само успеа да избегне пораз со голот на Исаксон во 79-та минута.
За три дена во решавачкиот меч, Шкотска ќе ја пречека Данска.
Спорт
(Видео) БиХ обезбеди бараж, во вторник ќе брка директен пласман на СП
Фудбалерите на Босна и Херцеговина ја победија Романија по пресвртот во Зеница со 3:1 во натпреварот од претпоследното коло, од Групата Х од европските квалификации за Светското првенство.
Избраниците на Сергеј Барбарез знаеја дека мора да слават за да не зависат од другите, и тоа на крајот го направија. По втор пат во овој циклус ги победија Романците и обезбедија барем место во плејофот со 16 бода.
Но, во вторник, во последното коло, БиХ ќе гостува во Австрија, која има два бода повеќе. На БиХ ќе им биде потребна победа за да се пласираат на Светското првенство.
Романија доживеа катастрофален неуспех во оваа група, но покрај тоа, ќе бидат дел од плејофот, преку Лигата на нации. Сепак, поради фактот што не беа ниту втори во оваа група во ждрепката за плејофот, Романците ќе бидат во последниот шешир и во полуфиналето ќе му гостуваат на некој од носителите.
Што се однесува до натпреварот Бирлиѓа и донесе предност на Романија во 17-та минута, а до крајот на полувремето Романците не ги искористија шансите да го решат мечот. Ман промаши две идеални шанси за зголемување на предноста.
Лидерот на БиХ, Џеко изедначи во 49-та минута, а кога Драгомир во 68-та доби црвен картон, Босанците тргнаа во целосна иницијатива.
Во 80-та спектакуларен гол постигна Бајрактаревиќ за 2:1, а точка на големата победа стави Табаковиќ во 94-та минута.
⚽️ GOAL | Bosnia & Herzegovina 2-1 Romania | World Cup Qualification
Bosnia & Herzegovina is dominating with an incredible goal by Esmir Bajraktarević ⚽️!#BosniaHerzegovina #Romania #BOSROM #Footballpic.twitter.com/4DMyjmyTRu
— goalpostX (@GoalpostX) November 15, 2025
Спорт
Алкараз закажа финале со Синер на Завршниот Мастерс
Карлос Алкараз го победи Феликс Оже-Алијасим со 6:2, 6:4 и ќе се бори за својот прв трофеј на Завршниот Мастерс во Торино. Противник во финалето ќе му биде Јаник Синер.
Канаѓанецот речиси и да немаше шанси да му наштети на Алкараз, кој му дозволи само една брејк шанса во текот на мечот. Феликс не ја искористи, додека првиот рекет на планетата во најголем дел ги реализираше своите шанси.
Во првиот сет, прилично конфорни 6:2, во вториот, понеизвесни 6:4. Немаше брејк-топки сè до десеттиот гем кога 25-годишникот од Монтреал сервираше за да остане во мечот.
Секако, Оже-Алијаси може да биде задоволен од феноменалната форма што ја покажа во втората половина од сезоната. На следната АТП листа, тој ќе биде на петтата позиција, што ќе биде неговиот најдобар пласман во кариерата. Убав финиш по титулата во Брисел, полуфиналето на Отвореното првенство на САД и финалето на Мастерсот во Париз.

