Контакт

Црна хроника

МВР со детали за акцијата „Лепак" и апсењето на цариниците на преминот Ново Село

Објавено пред

МВР во координација и со наредба на надлежниот јавен обвинител, ја реализираше последната фаза од Оперативната обработка „Лепак” со која беше откриена и разбиена организирана криминална група која подолг период наназад вршеше кривични дела поврзани со криумчарење трговска стока од Бугарија и Грција во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Во групата чии членови делуваа главно на подрачјето на Струмица, Штип и Богданци, партиципираа и службени лица вработени во Царинската Управа на испоставата на Граничниот Премин „Ново Село”.

На чело на групата, според досегашните сознанија бил првоосомничениот, односно членовите на оваа група биле организирани во криминалните активности од страна на Раководителот на царинска испостава ГП Ново Село.

Криминалистичката истрага под раководство на ЈО од ОЈО за организиран криминал и корупција, се спроведуваше изминатава година од страна на Одделот за организиран и сериозен криминал при што со примена на посебни истражни мерки се обезбедија докази за вкупно 14 лица членови на криминалната група од кои седум се царински службеници вработени на ГП Ново Село, против кои поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела „злосторничко здружување”, „злоупотреба на службена положба и овластување”, „криумчарење”, „фалсификување исправа” и „употреба на исправа со невистинита содржина”.

По едно лице сеуште се трага бидејќи според сознанијата се наоѓа надвор од Македонија, додека останатите во текот на вчерашниот ден беа изведени и пред судија на претходна постапка, кој им изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Станува збор за лицата С.Л.(28), раководител на царинска испостава ГП „Ново Село”, А.Д.(49), Т.В.(38), Д.Ј.(28), Ј.М.(44), К.Т.(28), А.П.Ѓ.(43), сите царински службеници на царинска испостава ГП „Ново Село”, В.Г.(35), В.М.(50), В.Б.(40), В.А.(47), Т.Д.(45), С.В.(47) и С.Ј.

При реализацијата беа вклучени околу 170 полициски службеници од МВР на РМ, а по лишувањето од слобода на 13 -те членови на оваа организирана криминална група беа вклучени инспектори од УЈП и пазарната инспекција на РМ.

Во петокот, во вториот дел од акцијата од страна на УЈП и пазарната инспекција извршени се контроли во 24 правни субјекти, односно 41 деловна единица во Струмица, Василево, Прилеп, Скопје, Штип, Пробиштип, Кичево, Кавадарци, Виница, Куманово и Тетово, а во три други од планираните субјекти не е извршена контрола поради нивното моментално неработење.

Кај осум правни субјекти констатирани се нецелосни евиденции на готовинскиот промет, при што изречени се глоби и донесени се Решенија за пломбирање на објектите.

Во текот на денешниот ден активностите од страна на УЈП и пазарната инспекција продолжуваат во однос на попис на затекната трговска стока, а со цел утврдување и усогласување на пописот со книговодствената документација на правните субјекти.

Кај еден правен субјект од Василево – Струмица, кој има 11 деловни единици во повеќе градови во Р.Македонија, затекната е поголема количина на трговска стока поради што активностите за утврдувањето на состојбата ќе продолжат во текот на денешниот и наредните денови.

За констатираната состојба и изречените мерки од страна на УЈП за сите правни субјекти, предмет на контрола ќе биде изготвена дополнителна информација по доставување на комплетни податоци од страна на УЈП.

Сомненијата од неколкумесечната примена на посебните истражни мерки укажуваат дека членовите на оваа група само при документираните случаи, успеале да се стекнат со противправна имотна корист во висина од неколку милиони денари.

Колкав е целосниот профит од незаконското работење изминативе години може само да се претпостави, а треба да се утврди и штетата која ја има претрпено буџетот врз основа на неплатените давачки. Веројатно како следна фаза на истрагата, доколку процени надлежниот јавен обвинител, ќе следи проверка на потекло на имотот на службените лица.

Инаку, пријавените транспортери делата ги вршеле на тој начин што, по претходен договор со нарачателите на трговската стока (правни субјекти), кои истата ја купувале во Бугарија и Грција и претходно ја оставале на одредено, само за нив познато место во Бугарија или Грција, брендираната облека ја преземале и ја пренесувале во Македонија.

Истите транспортот го вршеле преку ГП Ново Село до однапред договорена дестинација и тоа секогаш кога на должност биле некои од царинските службеници-членови на злосторничкото здружение, кои во договор со истите не вршеле царинска контрола, односно преглед на возилата и трговската стока што се пренесувала, а со цел да бидат избегнати задолжителните царински давачки.

За извршениот транспорт, нарачателите на трговската стока, на транспортерите, откако ќе им ја доставеле трговската стока им плаќале износ од две евра за килограм трговска стока и тоа најчесто во готово, но и на трансакциски сметки – секогаш како извршени уплати од физички лица.

Членовите на злосторничкото здружение кои го вршеле транспортот, вака стекнатата противправна имотна корист не ја зачувувале за себе, туку по секој извршен транспорт, одреден износ им предавале или на организаторите на здружението -цариниците вработени на Граничниот Премин.

Исто така, во случај кога некој од членовите на злосторничкото здружение бил откриен во вршење на кривичните дела од страна на органите на прогонот, пријавениот Раководителот на Царинската испостава превземал дејствија во насока на прикривање на делото со наложување за изготвување царинска потврда за плаќање на увозни давачки со невистинита содржина, злоупотребувајќи ја службената положба на Раководител на Царинска испостава.

Во текот минатата година како дел од оваа Оперативна обработка беа, преземани низа мерки и активности во врска со ова злосторничко здружение, при што во неколку наврати одземена е разновидна трговска стока во вкупна вредност од околу еден милион денари, како и три патнички моторни возила со кои се транспортирала стоката. Во текот на вчерашниот ден беа одземени уште пет моторни возила./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Објавено пред

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Објавено пред

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.

dobivaj vesti na viber

Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.

Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Објавено пред

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.

dobivaj vesti na viber

„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија12 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија16 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија17 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија17 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија18 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија18 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија19 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија19 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет22 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа22 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет22 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа22 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет22 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија1 ден

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија1 ден

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија1 ден

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија1 ден

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија1 ден

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...