Црна хроника
Еден воз налетал на камења, друг каменуван кај Морани
Товарен воз налетал на поставени камења, а патнички воз бил каменуван во саботата во скопското село Морани, соопшти МВР, додавајќи дека во двата инцидента немало повредени.
Обата инцидента се случила на исто место, на пругатата помеѓу железничката станица Јане Сандански и станицата во Драчево, поточно во селото Морани.Според МВР, товарниот воз кој сообраќал на релација Велес-Драчево, удрил во поставени камења на самата пруга. Оштетување на возот немало и истиот го продолжил движењето до крајната дестинација. Подоцна неколку непознати лица извршиле каменување на патничкиот воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, сопственост на Македонски Железници. Од извршеното каменување, било скршено едно неподвижно стакло, а повредени патници нема. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.