Регион
Во бранот напади во Турција убиени пет полицајци и војник
Во бранот напади во понеделникот во Турција загинаа вкупно осум лица, од кои двајца се напаѓачи, а повеќе десетици се ранети на југоистокот од земјата и во најголемиот град Истанбул.
Четворица припадници на жандармеријата се убиени со бомба поставена крај пат во југоисточна Турција, а нападот ѝ се припишува на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) против која турските власти водат офанзива врз нејзините позиции во северен Ирак. Во истиот напад ранети биле уште седум војници.
Напад се случил и во округот Силопи, во истата југоисточна покраина Ширнак, која се граничи со Ирак и Сирија. Еден турски војник бил убиен кога бил отворен оган врз воени хеликоптери кои одговориле со бомбардирање на претходниот напад, за што исто така е обвинета PKK.
Претходно еден час по полноќ кон понеделникот во експлозија на автомобил бомба поставена пред полициската станица во истанбулската населба Султанбеј беа ранети десет лица, од кои тројца полицајци. Во нападот делумно е урната трикатницата, а оштетени се и околните објекти и дваесетина возила. Истанбулската полиција потврди дека двајца напаѓачи и еден полицаец се убиени, кога неколку часа подоцна непознати напаѓачи пукале врз полицијата која вршела увид пред нападната полициска станица.
Во одвоен напад ноќта кон понеделникот врз конзулатот на САД, исто така, во Истанбул нема мртви и ранети. Според кабинетот на гувернерот на областа на најголемиот турски град, во нападот учествувале две жени, од кои едната е повредена и подоцна уапсена при претрес на куќа во близина на конзулатот каде што се сокрила. За овој напад е осомничена екстремната левичарска група Револуционерна ослободителна народна партија-фронт (DHKP-C). Според истиот извор, тројца напаѓачи и полицаец загинале во нападот врз полициската станица, за што е обвинета PKK.
Тензиите меѓу турската влада и курдските герилци стануваа сé поголеми. Анкара неодамна започна со решителни напади врз PKK и со џихадистите од Исламската држава. Така примирјето и мировните преговори меѓу владата и PKK се распадна по бомбардирањето на курдските бази во северен Ирак.
Челникот PKK, Џемил Бајук ја обвини со нападите врз курдските борци ја штити Исламската дражва. „Тоа го прават за да ја ограничат PKK во борбата против Исламската држава. Турција ја штити Исламската држава“, изјави Бајук во интервју за BBC. Потсети дека курдските борци, меѓу кои и на PKK, постигнаа значителни успеси во борбите против џихадистите во Сирија и во Ирак./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Амра од Јабланица го спасила синот од поплавите во БиХ: „Го ставив на компресорот и пливав“
„Добив повик од Амра велејќи: Гаро, помош Гаро, помош, водата е до плафон“, раскажува пожарникарот Един Дрежњак, кој интервенираше во Јабланица и учествуваше во спасувањето на имамот Семиро Јахиќ и неговото семејство.
Го зедовме гумениот брод на раменици и го носевме четири километри по пругата“, изјави тој за ТРТ Балкан. „Водата дојде до покривот. Не видов никого, ме фати паника. Не знаев дали се живи“, додал тој.
Тој рече дека ситуацијата е исклучително тешка бидејќи водата повеќе не била само вода, туку мешавина од кал, дрвја и отпад.
„Таму беше невозможно да се плива, едвај се пробивавме со чамец“.
„И се јавив на мајка ми и и велам – мамо, треба да искочиме за 10 минути, нема помош за нас“, раскажува Амра Јахиќ, која скокнала од куќата и пливала со својот четиригодишен син.
„Во тој момент, претпоставувам дека го испратил милиот Бог, се појави тој компресор кој се уште се гледа на покривот на џамијата“, додаде нејзиниот сопруг Семир.
Амра го ставила синот на компресорот, но момчето паднало во вода. „Со едната рака го држев детето, а со другата компресорот“, раскажа таа.
„Размислував, ако го изгубам моето дете, за мене живот нема. Не можам да гледам како го губам своето дете“, рече таа.
„Сите се обидовме да го извлечеме детето. Не само јас, сите ние“, додаде Амра.
Тие биле спасени околу 6:15 часот.
„Тогаш членовите на планинската спасувачка служба не евакуираа на безбедна површина“, се сеќава Семир.
Регион
Дино Бегиќ ја загуби бремената сопруга Ајла во катастрофалните поплави во БиХ: „Ќерката виде се“
Областа на Јабланица, Фојница, Кисељак, Крешево беше зафатена од страшни поплави во кои животот го загубија повеќе луѓе, а по некои се уште се трага. Трагедија ги погоди Дино Бегиќ и неговото семејство кога неговата бремена сопруга загина во поплава.
Иако потресен, тој за босански „Аваз“ раскажа што се случило таа кобна ноќ.
„Татко ми и јас излеговме околу полноќ да го исчистиме просторот за да не ни се поплави куќата, бидејќи нормално се создаваат потоци при силен дожд. Се боревме со поројот час или два, а потоа влеговме во куќата“, ја започнува својата приказна Бегиќ.
Вели дека влегле бидејќи дождот малку се смирил, но повторно излегле да продолжат да чистат.
„Во одреден момент слушнав удари од големи камења или што и да беше. Му реков на татко ми да се засолни под големата гаража, жената и ќерката нека останат во куќата мислејќи дека таму ништо нема да им се случи“, вели Бегиќ.
Снемало струја, вели, ѕидовите паѓале, се наоколу паѓало и му рекол на татко му дека е готово.
„Не знам, добро, не ги ни видов кога истрчаа, сепак таа го зеде детето и се обиде да побегне. Дрвото падна врз неа и ја згмечи. Ќерка ми беше спасена, а само Господ знае како“, рече Бегиќ.
Неговата сопруга, 28-годишната Ајла била бремена, а во декември требало да добијат уште една ќерка. Нивната 5-годишна ќерка Далал за чудо преживеала.
„Претпоставувам дека е добро. Се се случи на метар од неа, виде се. Ништо не прашува, знае што се случило, но не прашува“, изјави Бегиќ.
Моментално престојуваат кај неговата тетка, која ги чува бидејќи од нивната куќа не останало ништо, како што вели, сè е срамнето.
Регион
Брод со четири лица се преврте на реката Уна во БиХ, две лица испливаа
Денеска околу 7:15 часот полицијата во Сисак добила пријава од граничната полиција на БиХ дека чамец со четири лица се превртел на територијата на Босна и Херцеговина кај градот Вриоци.
Две лица допливале до брегот на Уна на територијата на Босна и Херцеговина, а потрагата по две лица се уште трае.
На местото на настанот излегле припадници на ХГСС со пловен објект, кои со помош на полицијата интензивно трагаат по исчезнати лица.