Скопје
Жерновски: Нема да поддржам ничии бизнис интереси
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски на прес конференција во среда апелираше до советниците на седницата во петок да внимаваат како ќе гласаат за ДУП-овите Тасино Чешмиче 1, Водно-Капиштец и Мал Ринг.
„Јасно кажувам дека нема да поддржам ничии бизнис интереси и криминални планови. Затоа апелирам, сите советници два пати да размислат како ќе гласаат в петок. Јас за ова на изборите не добив доверба и нема да го поддржам. ДУП-овите намерно се предлага да се носат сред летен период, по старата и позната тактика “длабоко во ноќта“, за да има што помалку сведоци. Баравме седницата да почне во 10 часот, но закажана е за 13 часот, што значи ноќе ќе се гласа за оваа одлука“, рече Жерновски.
Тој додаде дека протестите пред општината не беа за црквата на плоштадот, туку за хотелот Панорама.
„И тоа не на четири спрата, како што беше во стариот ДУП, туку на истото место да никне десеткатница. Наивно помислив кога пред околу еден месец падна потпорниот ѕид кај детската градинка “Кочо Рацин-Клон Панорама“, кога можеше да има и жртви дека оние кои не’ убедуваат дека размислуваат за животите на граѓаните, навистина ќе се освестат. Јасно кажувам дека нема да поддржам ничии бизнис интереси и криминални планови“, порача Жерновски.
Според него, со неусвојувањето на ДУП-от Мал Ринг бил спасен ГТЦ, но веднаш потоа власта и ги одзеде ингеренциите на општина Центар.
“Евентуалното изгласување на овој ДУП, ќе значи не само барок на ГТЦ туку и можни надоградби. Власта очигледно подразбира мнозинство за да работи како што сака, затоа апелирам до сите советници, да не ги изгласаат овие три ДУП-а, бидејќи ова ќе значи сериозна штета“, рече Жерновски.
Одговорајќи на новинарски прашања, дали деновиве е вршен притисок врз претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ да гласа за ДУП-овите, Жерновски одговори дека тој апелира до сите советници да не ги гласаат ДУП-овите.
“Ставањето на дневен ред на овие точки значи дека предлагачите очекуваат поддршка, не можам да предвидам што ќе се случи. Точно е дека на сите советници власта пермаментно им врши притисок. Не можам да предвидам што ќе се случи, петок ќе биде можност да разбереме која беше суштината со апсењето, притворањето и пуштањето на Шиповиќ. Има пермаментен притисок кон сите, дали некој конкретно е уценет – не знам“, одговори Жерновски.
Новинарите прашаа и какви се односите и дали има заладување на релацијата СДСМ – ЛДП.
“Апсолутно нема заладување на односите. Ова што го изнесов е заеднички став на Сојузот за иднината. Односите не се нарушени. Утре и советничката група на Сојузот за иднината ќе излезе со став, ваквите напади на власта уште повеќе не’ зближуваат. Дали некој се продал – не сакам да размислувам, но системот на власта е познат. Битката не е лесна и треба до крај да се издржи. Точно е дека евентувалното изгласување на ДУП-овите може да наштети на борбата, но ние продолжуваме“, рече Жерновски.
Тој додаде дека битката не завршува во петок, а доколку сепак се донесат во петок трите ДУП-а, ќе ги даде на испитување во Уставниот Суд. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

