Европа
Прошенко: Украина сака мир, но е подготвена за офанзива на сепаратистите и за нивна изолација
Украина и натаму голема важност му придава на мировниот план за побунетиот рускојазичен исток на државата, но е подготвена да одговори на евентуална офанзива од сепаратистите, изјавил во вторникот украинскиот претседател Петро Порошенко при што се разгледува и можност за прекин на испораките на гасот и струјата за побунетите региони.
„Украина и натаму цврсто е приврзана на мировниот план, но е подготвена да се соочи со бунтовничката офанзива во случај на песимистично сценарио“, изјавил претседателот Петро Прошенко на почетокот од состанокот на Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина, пренесуваат украинските медиуми.„Основани се неколку нови единици и групи, што ќе овозможи спротиставување на можна офанзива на Мариупол (стратешко пристаниште на брегот на Азовското Море населено со доминантно рускојазично население кое од април од почетокот на воената операција на украинските сили е под контрола на Националната гарда, но во августовската контраофанзива на проруските сили се најде на самата линија на разграничување на двете страни – з.р.), Харков, Бердинаск и регионот Днетропетровск“, додал Порошенко.Од друга страна, проруските бунтовници претходно изјавија дека Порошенко ги формирал новите единици за да преземе офанзива кон Донецк и Луганск, по завршувањето на предвремените парламентарни избори од 26-ти септември по кои во Врховната Рада на Украина влегоа прозападните и националистички политички сили.Порошенко рекол дека Киев сака да ги коригира своите обврски од мировниот договор постигнат во Минска на 5-ти септември, особено на воено и економско изолираната област под контрола на бунтовниците. Иако не е јасно прецизирано, се претпоставува дека украинскиот претседател мислел на законот за специјалниот статус на регионите Донецк и Луганск во рок од три години, според една од точките на Минската спогодба. Со овој закон тие добиваат поголема автономија и можност за формирање односно легализирање на сегашните „народни милиции“, со гаранција за амнестија за бунтовниците и размена на заробениците од двете страни по системот „сите за сите“. Во моментот на изгласувањето на тој закон, Порошенко беше критикуван за „капитулација“ на украинските власти по низата воени порази во контраофанзивата на бунтовниците, коишто според Киев и Западот имале поддршка во опрема и во редовни единици од Русија. Москва тоа одлучно го негира и бара докази за тие тврдења, и истакнува дека за неа станува збор за внатрешно украински конфликт во кој е загрозено рускојазичното и руското население.Проруските бунтовници кои во почетокот по соборувањето на проруски ориентираниот украински претседател Виктор Јанукович во март и откако новите прозападни власти во Киев во југоисточните региони со декрет ги сменија сите функционери од поранешната владејачка Партија на регионите бараа федерација на земјата а потоа прогласија ткн Народни републики, во неделата одржаа избори за претседатели и народни совети кои не ги признаваат Украина и Западот и велат дека се пречка за мировниот процес, додека Русија ги признава и вели дека на тој начин избраните челници ќе имаат легитимитет да ги претставуваат регионите во преговорите со централните власти во Киев. „Принудени сме во одредена мера да ги изолираме тие области за тој тумор да не се шири“, рекол Порошенко. Владата би можела да ги зголеми контролите на граничните меѓу источните територии под контрола на бунтовниците и остатокот од земјата, како и да ги прекине испораките на гас и електрична енергија кон тоа подрачје, појаснил Порошенко, пренесува AFP.Истовремено новата висока претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, во вторникот тврдеше дека „незаконските избори“ на проруските бунтовници во источна Украина би можеле да ја „уништат шансата“ за мировните преговори со Москва.„Најголемата опасност е губењето на можноста за внатрешните преговори, но и дијалогот со Русија“ за мировниот план врз основа на прекинот на огнот од почетокот на септември, рече Могерини./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Висок руски генерал застрелан во Москва
Висок руски воен функционер, генерал-потполковник Владимир Алексеев, беше застрелан во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Државните медиуми ја објавија веста, повикувајќи се на истражители, пренесува Ројтерс.
Според официјални информации, непознато лице испукало неколку куршуми кон Алексеев во станбена зграда во северозападна Москва во петокот, а потоа избегало од местото на нападот. Ранетиот генерал бил итно префрлен во московска болница, а неговата состојба сè уште не е официјално објавена, објавија руските медиуми. Истражниот комитет соопшти дека е отворена кривична постапка за обид за убиство и нелегално поседување огнено оружје.
Истражителите и форензичките експерти се на местото на пукањето, ги прегледуваат снимките од надзорните камери и ги испрашуваат сведоците, додека потрагата по напаѓачот или напаѓачите продолжува. Информациите за пукањето брзо се проширија на руските и украинските канали на Телеграм.
Алексеев е заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот на Министерството за одбрана. Тој беше еден од високите функционери испратени да преговараат со водачот на платениците Евгениј Пригожин за време на неговиот краткотраен бунт во јуни 2023 година.
Европа
„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали
Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски интернет терминали на Starlink. Извори од Генералштабот на вооружените сили на Украина потврдија дека бројот на руски напади во некои области е намален, додека во други сектори тие целосно престанале, пишува Украинска правда.
Според извештајот на Генералштабот објавен вчера во 16 часот, украинските сили регистрирале 56 борбени ангажмани по должината на фронтовската линија од почетокот на денот. Намалувањето на руската активност следува по мерките преземени за ограничување на неовластената употреба на технологијата Starlink.
Експертот за воена радиотехнологија Серхиј „Флеш“ Бескрестнов објави дека руските сили вчера се соочиле со масовен прекин на терминалите на Starlink.
Според него, Русите се жалат дека не можат повторно да ја воспостават врската, што ќе влијае на координацијата на нивните дејства по целиот фронт.
Проблемот стана јавен на 25 јануари, кога Бескрестнов, кој оттогаш стана советник за технологија на министерот за одбрана Михаил Федоров, изјави дека руските сили веројатно го користат Starlink на беспилотните летала Шахид.
Американскиот претприемач Илон Маск одговори на барањето на Федоров за помош во решавањето на проблемот, по што SpaceX презеде контрамерки. Маск на 1 февруари објави дека мерките се чини дека дале резултати.
Федоров потоа извести за постепеното воведување на систем што ќе им овозможи само на овластени терминали на Starlink да работат на украинска територија.
Украинската влада донесе декрет за воведување на таканаречена „бела листа“, што значи дека само потврдени и регистрирани терминали наскоро ќе можат да работат во Украина, додека сите други ќе бидат исклучени.
Европа
Започна вториот ден од разговорите во Абу Даби, Рубио: Има добри и лоши вести
Вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон решавање на војната, започна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Ова го објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Украинска правда.
„Вториот ден од преговорите во Абу Даби започна. Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, работа во групи, а потоа усогласување на ставовите. Резултатите ќе следат“, објави Умеров на Фејсбук.
Коментирајќи го напредокот на разговорите во Абу Даби на 4 февруари, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека има и добри и лоши вести. Според Рубио, добрата вест е дека списокот на нерешени прашања што постоеја меѓу Украина и Русија е значително стеснет. Украинската делегација подготвува извештај до претседателот Володимир Зеленски за резултатите од првиот ден од преговорите.

Украинската делегација во Абу Даби ја сочинуваат секретарот Рустем Умјеров, шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и неговиот прв заменик Серхиј Кислица, лидерот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Хнатов, и советникот на кабинетот на претседателот, Олександр Бевз.
Според Умјеров, украинскиот тим во Абу Даби планирал и билатерален состанок со американската страна, претставена од специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тие требало да разговараат за документ за безбедносни гаранции и план за просперитет.

Трилатералните разговори во Обединетите Арапски Емирати се одржуваат по големиот руски напад врз Украина. По последниот напад, претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека работата на украинскиот преговарачки тим ќе биде „прилагодена“.

