Спорт
Еврогол за Данска, ВАР-пенал за Австралија (видео)
Данска е на чекор до пласман во осминафиналето на Светското првенство, додека Австралија ги задржа шансите откако двете репрезентации одиграа 1:1 во Самара во првиот меч од второто коло во групата Ц.
Данците рано дојдоа во водство, откако по одличната …


Данска е на чекор до пласман во осминафиналето на Светското првенство, додека Австралија ги задржа шансите откако двете репрезентации одиграа 1:1 во Самара во првиот меч од второто коло во групата Ц.
Данците рано дојдоа во водство, откако по одличната акција, првата ѕвезда на нивната репрезентација, фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен го совлада голманот Рајан. Австралијците немаа многу шанси на почетокот на мечот, а Јоргенсен во 24. минута уште еднаш се закани по противничкиот гол.
Австралија стигна до израмнување во 37. минута, кога топката удри во рацете на Поулсен, а судијата по консултацијата со ВАР реши да му додели жолт картон и досуди пенал. Интересно ова е вторпат Поулсен да направи пенал на Мундијалот откако истото го направи и против Перу. За Австралија од белата точка беше прецизен Миле Јединак.
Австралија посериозно се закани на почетокот на второто полувреме преку Рогич и Муј, но не беше многу опасно за Каспер Шмајхел на голот. „Сокерус“ имаа и поголем дел од поседот на топката, но на крајот мораа да се задоволат со реми по тесниот пораз од Франција (1:2). Во последното коло, Данците играат со Франција, додека Австралија ќе има дуел со Перу.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Торпедата на Деклан Рајс го потпија Реал, Интер победи во Минхен

Арсенал и Интер полека можат да размислуваат за полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите. Вечерва, Арсенал го прегази Реал со 3:0, а Интер во Минхен го победи Баерн со 2:1.
Микел Артета му одржа час по фудбал на еден од најдобрите тренери во историјата, Карло Анчелоти. Арсенал буквално го прегази Реал, кој може да биде задволен што Лондон го нашушти со три примени гола.
Апсолутен херој е Деклан Рајс, чии две торпеда од слободни удари, во 58. и 70.минута го потопија „краслскиот клуб“. Точка на мечот во 74.минута стави Микел Мерино.
Можеше Арсенал да постигне уште некој гол, но во периодот од 60. до 64.минута Куртоа имаше две брилијантни интервенции, а Алаба и Белнгем интервенираа од гол-линијата.
Реал во текот на целиот меч имаше само една шанса, преку Мбапе, чии удар успеа да го скроти Давид Раја.
Интер во Минхен ги искористи сите проблеми кои Баерн ги има со повредите во дефанзивниот дел од тимот.
Италијанскиот првак поведе со брилијантниот гол на Лаутаро Мартинез во 38.минута.
Баерн се врати во мечот во 85.минута кога Томас Милер изедначи, но само три минути подоцна Фратези погоди за победа на Интер.
Спорт
Денвер Нагетс го отпуштија Мајк Мелоун

По серијата лоши резултати, Денвер Нагетс му врачи отказ на првиот тренер Мајк Мелоун.
Оваа информација ја објави познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, кој работи за „ESPN“.
Мелоун беше тренер на Денвер 10 години, почнувајќи од 2015 година, кога во тимот од Колорадо пристигна Никола Јокиќ.
Тие „пораснаа“ заедно и за една деценија заедничка работа го донесоа единствениот шампионат на Нагетс во 2023 година.
Тој му „помогна“ на Јокиќ да освои три МВП награди и многу влијаеше на неговиот развој и игра.
Сепак, резултатите на Денвер не се најдобри во последно време и челниците на франшизата решија да го отпуштат Мелоун. Пред Денвер, тој работеше во сезоната 2013/2014 како тренер на Сакраменто Кингс.
Претходно беше асистент во Голден Стејт Вориорс, Њу Орлеанс Хорнетс, Кливленд Кавалирс, Њујорк Никс, како и во Менхетен, Провиденс.
Денвер моментално се наоѓа на четвртото место во западниот поредок со 47 победи и 32 порази.
Спорт
Фрлена бомба во куќата на Јуси Бенајун

Еден од најпознатите израелски фудбалери Јуси Бенаџун преживеа бомбашки напад на неговата куќа во својата татковина.
Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Арсенал и Челзи бил во својот дом со семејството кога мотоциклист излегол пред куќата и фрлил бомба на вратата.
Експлозијата предизвикала пожар, а напаѓачот побегнал од местото во областа Рамат Харашон, северно од Тел Авив.
Сето тоа се случило во неделата околу 23.00 часот, а полицијата и пожарникарите брзо пристигнале на терен, а пожарот брзо бил изгаснат. Нема повредени.
Полицијата соопшти дека овој случај го истражува како криминален напад, а не како терористички акт.
Бенајун бил во шок, но потоа дал изјава дека верува дека тој не бил целта, туку дека напаѓачот ја згрешил куќата.