Контакт

Региони

Повеќе од сто социјални семејства без покрив над глава поради препукувањата на Ременски и Мисајловски

Објавено пред

Неколку месеци 119 семејства од категоријата социјални, во Прилеп, Ресен и во Демир Хисар, не можат да се вселат во доделените станови од државата, затоа што од министерството за труд и социјална политика тврдат дека од конечната листа исфрлено е лице од категоријата „дете без родители и самохрана мајка“, а од министерството за транспорт и врски тврдат дека министерката Ременски сака да всели во стан лице кое е блиско до висок функционер на СДСМ.
 

dobivaj vesti na viber

Неколку месеци 119 семејства од категоријата социјални, во Прилеп, Ресен и во Демир Хисар, не можат да се вселат во доделените станови од државата, затоа што од министерството за труд и социјална политика тврдат дека од конечната листа исфрлено е лице од категоријата „дете без родители и самохрана мајка“, а од министерството за транспорт и врски тврдат дека министерката Ременски сака да всели во стан лице кое е блиско до висок функционер на СДСМ.

 

Неколкупати, лицата кои ги добија становите организираа и протести пред зградата во Прилеп, повикувајќи ја министерката за труд и социјална работа Фросина Ташевска-Ременски, да го потпише решенијата, а во вторник, таа излезе на прес-конференција и рече дека одговорот за тоа треба да го побараат од Министерството за транспорт и врски, а не од неа како министер бидејќи, таа немаола никакви надлежности во постапката за доделување социјални станови или потпишување решенија.„Овие лица одговорот треба да го побараат од Министерството за транспорт и врски, а не од Министерството за труд и социјална политика и од мене како министер, бидејќи јас немам никакви надлежности во постапката за доделување социјални станови или потпишување решенија“, рече Ташевска¬-Ременски.Таа појасни дека Комисијата за распределба на станови по Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење, имала за цел во транспарентна постапка да ја реализира распределбата на 76 станови во Прилеп, 25 станови во Демир Хисар и 18 станови во Ресен.„Во фазата на софтверско прелиминарно рангирање на добитниците на социјални станови и изготвена листа, од непознати причини, Министерството за транспорт и врски одлучи да исклучи добитничка на социјален стан од Прилеп, рангирана во категоријата „деца без родители и самохрана мајка“. Преку МТСП беше побарано ЦСР Прилеп да направи дополнителен увид на што беше одговорено позитивно во најбрз можен рок. И ЦСР Прилеп и членовите на Комисијата добија потврда на веќе востановената состојба и услови за живот на добитничката на социјален стан која беше исфрлена од прелиминарната листа. Без да ги земе предвид бараните информации, Министерството за транспорт и врски самостојно ги изготви записниците и конечната ранг-листа за распределба на 76 станови во Прилеп“, потенцира министерката Ташевска¬-Ременски.Дополнително појасни дека Министерството за труд и социјална политика, доставило допис до министерот за транспорт и врски на 3 мај 2016 година, побарало најитно да се надмине овој пропуст со професионално и стручно решение, еднакво учество и еднаква одговорност на сите членови во оваа комисија.„Не станува збор за никакво влијание врз членовите во Комисијата од МТСП, туку барање за почитување на утврдените процедури и правила на одлучување кои сите имаат должност да ги почитуваат. До денес Министерството за транспорт и врски не најде за потребно да пристапи кон решавање на проблемот што сами го создадоа“, рече министерката Ташевска¬-Ременски.Од Министерството за транспорт и врски денеска преку соопштение реагира на прес–конференцијата на министерката за труд и социјална политика Ташевска-Ременски на која таа го обвини ова Министерство дека е одговорно за недоделувањето на социјалните станови.„Техничката министерка Ременски говори невистини и зборува за некаква партиска распределба на социјални станови. Таа е истата Ременски која 119 семејства држи во заложништво веќе неколку месеци уценувајќи ја Комисијата стан да добие лице од Прилеп кое е во роднински односи со висок функционер на СДСМ“, се вели во реакцијата од Министерството за транспорт и врски.Потенцираат дека Министерството за транспорт и врски нема да дозволи становите да се делат по партиска линија и по лично барање на техничката министерка Ременски. Социјалните станови се изградени за згрижување на најранливите категории на граѓани и само тие што ги исполнуваат условите согласно критериумите што се пропишани во Правилникот, ќе можат да се вселат во нив, се вели во писмената реакција од Министерството./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Свет2 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет2 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет3 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија3 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа3 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија11 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет15 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет16 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет23 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет23 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет23 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет24 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет1 ден

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија2 дена

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија2 дена

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...