Македонија
Сопственик ја обвини Општина Гази Баба дека планира да проектира улица на неговиот имот
Сопственикот на имот кој се наоѓа до објектот на универзитетот ФОН, Киро Тошевски, ја обвини Општина Гази Баба дека планира да му проектира улица на неговиот имот без да го консултира. Станува збор за имот кој се води на правното лице „Бана ДООЕЛ“ од Скопје, за кој од имотниот лист произлегува дека е со вкупна површина од 12,612 квадратни метри, впишани во 2014 година. На таа катастарска парцела во тек е постапка за изготвување детален урбанистички план.
Инвеститорот е убеден дека ќе им биде одземен дел од имотот, односно дека ќе немаат пристап до парцелата која е во нивна сопственост. Од „Бана ДООЕЛ“ тврдат дека постапката за изготвување на ДУП-от е направена со манипулации во кои се инволвирани лица од Општина Гази Баба, како и сопственикот на соседната парцела, бизнисменот Фијат Цаноски. „Макфакс“ го контактираше Цаноски. Тој вели дека не нарачувал промена на деталниот урбанистички план. „Јас имам чист плац со 3 влеза и не сум замешан во изготвување на никакви промени“, рече Цаноски.

„Ние дадовме согласност“, вели Цаноски за проектирањето улица, но потенцира дека за сите промени на катастарската парцела согласност треба да дадат и другите сопственици. Тошевски, пак, тврди дека зад барањето за проектирање улица стојат фирмите на Цаноски, „Фине“. Инвеститорот најави тужба за нарушено владение за, како што вели, узурпацијата на нивниот приватен имот.

Општината добила и писмо од инвеститорот во кое пишува дека „Бана ДООЕЛ“ не се согласува да биде проектирана улица на парцелата која е на нивен имот. Добиле известување од Општина Гази Баба дека ќе го информираат изготвувачот на ДУП-от институтот „ИН-ПУМА ДОО“ од Скопје.
„Макфакс“ минатиот петок испрати прашања до Општина Гази Баба. До овој момент не добивме повратен одговор. Минатата недела го контактиравме и градоначалникот на општината, но тој не одговори на телефонскиот повик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

