Регион
Анкара: Воена закана за Русија од Турција не постои

Турција ја обвини Русија во средата дека претерува во поглед на воена закана од Анкара којашто не постои, што веројатно дополнително ќе ги зголеми тензиите меѓу двете земји по уривањето на рускиот авион над Сирија, како што пренесува Reuters.
Односите меѓу Анкара и Москва се на најниското ниво откако турските ловци соборија руски бомбардер кој беше во операција против терористичките сили во северниот дел на Сирија во близината на границата.
Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Алексеј Мешков изјави претходно во средата, како што пренесе агенцијата ТАСС, дека Турција би требало да плати отштета за уривањето на авионот во близина на границата во воздушниот простор на Сирија.
„Руската војска делува веќе извесно време како да постои закана од Турција што е предимензионирана ситуација и нема ништо заедничко со стварноста. Турција не настапува на агресивен начин кон руските воени цели и ние во прв ред се надевате дека тензиите нема да ескалираат, изјави портпаролот на турското министерство за надворешни работи, Танжу Билгич.
Го отфрли, исто така барањето за паричен надомест велејќи дека „Не е возможно да се исполнат руските барања“.
Во неделата Русија ја предупреди Турција да престан со провокациите против руските сили во Сирија или во нејзина близина, откако во два случаи во Егејското и во Црното Море нејзините воени бродови мораа да интервенираат за да спречат судари со турски пловила./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин