Црна хроника
Кривична пријава за екс директор во ЈП „Нискоградба“ Охрид

Охридската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на ЈП „Нискоградба“ Охрид и против раководителот во Одделението за комунален развој во Општина Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување.
Директорот без склучен писмен договор за изведување на водоводни линии или инсталации, без добиена потребна документација и без извршен надзор од порачувачот “Проаква“ Струга одобрил „Нискоградба “ Охрид како изведувач, во 2011 година во Охрид да започне и за потребите на порачувачот да изведе реконструкција на гравитациона водоводна линија Ф 450 од бензинска пумпа „Макпетрол“ до каптажа „Бејбунар“.Раководителот во Одделението за комунален развој во Општина Охрид, со неизвршување на својата службена должност, без да прибави потребна градежна и правна документација – проекти, одлуки, пресметки и друга неопходна документација,на 16 јули 2011година изготвил, потпишал, заверил и до „Нискоградба“ доставил налог за работа за реконструкција на истата водовод- на линија на потег „Бејбунар“. Тоа го направил иако знаел дека работните ангажмани на истата линија од ЈП „Нискоградба“ веќе биле започнати предходно пред три и пол месеци без склучен писмен договор помеѓу порачателот и изведувачот. На овај начин осомничените му нанеле значителна штета на „Нискоградба“ кое реконструирало – изградило гравитациона линија за која од 2011 година од ЈП„Проаква“ и од Општина Охрид неможела да го наплати својот работен ангажман и вграден материјал во износ од 11.323.836 денари односно околу 182.000 евра. Штетата по јавното претпријатие се согледува и од дополнителното водење на судски спорови и трошоци за наплата на овај износ./крај/мф
Извор: Фото: Охридњус
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот