Црна хроника
Разбојникот што ја ограби поштата на Бит пазар, извршил кражба и во ’Спорт Лајф’
Разбојникот кој на 18-ти овој месец ја ограби поштата на Бит пазар во Скопје, пред две години извршил вооружен грабеж и во обложувалница во Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбата се случила поточно на 10-ти декември во 2012 година, околу 21,20 часот. Љ.А. (31), исто како и во поштата на Бит пазар, и во обложувалницата ’Спорт Лајф’ во Трговскиот центар Три бисери влегол со детска маска на лицето и со закана со пиштол извршил разбојништво над вработената, одземајќи од неа 16.000 денари.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.А., а судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.