Црна хроника
На свадба пукал од огнено оружје и повредил пет лица

Полицијата во Струга поднела кривична пријава против 52 годишниот Н.В. од струшкото село Џепин за кого се сомнева дека на трети август за време на свадбена прослава пукал од огнострелно оружје кое го поседувал без дозвола и при тоа повредил пет лица, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите на полициските органи лицето испукало неколку куршуми кои завршиле во бетонската плоча од неговата куќа кои се одбиле и повредиле пет лица кои што присуствувале на свадбената веселба.
Со повреди во пределот на челото се здобил А.Д. (46) од селото Ливада додека М.В. (19) од селото Џепин се здобила со влезно-излезна рана на задниот дел од десната нога. Кај В.В. од истото село се нанесени повреди во мускулниот дел од десната потколеница а други две лица се здобиле со огреботини по телото.
Огненото оружје кое Н.В. нелегално го поседувал и со кое се предизвикани повредите е пронајдено од полициските службеници и одземено. Истото е испратено на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајден хашиш кај Италијанец на паркинг на Средно Водно, одреден му е притвор

Вчера околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен 27-годишниот Л.Т. од Република Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30-дневен притвор во КПУ Скопје.
Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.