Контакт

Скопје

Успешна акција за чистење на Водно од отпадоци

Објавено пред

Движењето ЛЕАД по третпат спроведе акција на чистење на падините на Водно.

dobivaj vesti na viber

Групата млади од различна етничка припадност се собра на Средно Водно, од каде што ја започна акцијата за собирање отпадоци под мотото „В џеб, ако нема каде друго!“. Младите, облечени во маици со ова мото, имаа поддршка и од присутните граѓани кои веќе се наоѓаа на Водно. Покрај расчистувањето на планината, акцијата има за цел и да ја крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти ќе носи маици со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“.Проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.  Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација. Проектот е поддржан и од Секторот за зачувување на животната средина на Град Скопје. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски

Објавено пред

Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.

Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.

„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток

Објавено пред

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.

dobivaj vesti na viber

„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.

„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.

Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Чаир денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет2 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет3 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет3 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет4 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет5 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет5 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија22 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија24 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија24 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија24 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет2 дена

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ2 дена

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...