Македонија
(Видео) Левица бара Уставниот суд да ја поништи одлуката за референдумот
Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување референдум, со која бараат нејзино поништување. Оттаму сметаат дека има повеќе причини поради кои треба да сопрат активностите за организирање и спроведување на референдумот. Очекуваат уставните судии да ја разгледаат нивната иницијатива веднаш по летните одмор, а пред 30 септември, датумот на кој е закажан референдумот.
– Бидејќи во иницијативата се бара времена мерка, тоа значи дека иницираме итна постапка и очекуваме Уставниот суд веднаш по годишните одмори, а тоа значи пред референдумот да се произнесе. Во случај да не се произнесе, можно е постфестум да ги поништи резултатите – рече Димитар Апасиев од Левица.
Како што велат од Левица, ја побиваат одлуката бидејќи по неколку точки не е во согласност со Уставот, Законот за референдум, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венециската комисија. Една од причиите е што референдумот е консултативен.
– Членот 120 предвидува облигаторен и задолжителен референдум – рече Апасиев посочувајќи дека според нивното истражување Република Македонија воопшто нема донесено одлука за членство во ЕУ.
Според Апасиев, прашањето е „стапица“ за гласачите, и тоа според него треба да биде формулирано така што ќе го содржи новото име на државата, предвидено со Договорот со Грција. Според податоците на Левица, само 14 % граѓани го поддржуваат Договорот од Преспа. Тие најавија бојкот на референдумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

