Црна хроника
Сечел шума што бесправно ја присвоил

СВР Куманово во рамки на оперативната акција „Гора“ разоткри криминал и сеча на шума, која жител на сеото Рамно ја присвоил на нелегален начин, а со тоа на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ му нанел штета од над милион денари.
Поднесена е кривична пријава против 53-годишниот И.А. од село Опае, општина Липково, поранешен вработен во Агенцијата за катастар во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.Со кривична се здоби и 52-годишниот М.А. од село Рамно, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „пустошење шума“. Во текот на ноември 2015 година И.А. во договор со М.А., без никаков правен основ, оформил три предмети за наводна исправка на техничка грешка по службена должност за седум катастарски парцели од катастарска општина Рамно кои биле во сопственост на Македонија, со вкупна површина од 84.787 квадратни метри.Притоа, во истите внел невистинити податоци за соственоста на парцелите кои откако ги заверил со свој потпис, ги спровел во електронскиот систем во катастарот, префрлајќи ги во сопственост на второпријавениот. По ова второпријавениот преку лиценцираното правно лице ДПТУ Симви компани ДООЕЛ Кратово поднел барање за сеча на дрвна маса, врз основа на што извршил сеча на вкупно 187 кубни метри огревно дрво, оштетувајќи го ЈП Македонски шуми за износ од 1.309.000 денари./крај/мк/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.