Црна хроника
Жена загина во тешка сообраќајка нa патот Битола – Ресен
Едно лице настрада во тешка сообраќајна несреќа што во вторникот се случи околу 13 часот и 10 минути на патот Битола – Ресен кај бензинската пумпа на „Лук Оил“, пренесува локалната битолска телевизија „ТЕРА“.
Според информациите на телевизијата во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила, едното со битолски, а другото со охридски регистарски таблички.
Во сообраќајката во која се судриле „Форд ескорд” и „Даеву Тико” со потешки повреди се здобила жена која управувала со Тикото по што веднаш по несреќата им подлегнала на повредите.
Полициските органи вршат увид на местото на несреќата./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопје: мајка била нападната од нејзиниот син; Брат и сестра прво се скарале, па се степале
Синоќа во 21.30 часот во СВР Скопје, 78 – годишна жена од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот син И.Б.(55), кој употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Вчера во СВР Скопје во 16.45 часот, 41 – годишен маж од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот во дворот на семејната куќа на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 54 – годишна сестра од Скопје.
Подоцна и таа пријавила дека била физички нападната од нејзиниот брат.
Според МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
74-годишна жена од Србија среде бел ден ограбена во Градскиот трговски центар во Скопје
74-годишна жена од Србија била ограбена среде бел ден во ГТЦ во Скопје.
Имено, вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, А.П.(74) од Република Србија пријавила дека околу 12.55 часот во Градскиот трговски центар во Скопје, едно лице со употреба на сила ѝ го одзело паричникот.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во затворот Идризово
Денеска во 00.19 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправна установа Затвор Идризово Скопје било пријавено дека на 21.09.2024, осуденикот И.С.(47) од Скопје бил физички нападнат од неколку осуденици.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.