Регион
Вкупно 2,2 тони марихуана од Балканот пронајдени во морето во Термоли

Пакети во кои имало вкупно 2,2 тони марихуана биле извлечени од морето кај италијанскиот град Термоли.
Вредноста на дрогата се проценува на повеќе од девет милиони евра.
Дрогата била фрлена во Јадранското море ноќта меѓу саботата и неделата во пакети од по 30 килограми. Полицијата добила дојава за големата пратка која требала да стигне на пристаништето во Термоли и поради тоа ја зајакнала контролата, а теренот го надлетувале и хеликоптери.
Откако бил пронајден првиот пакет, потрагата продолжила во морето крај брегот, во должина од десетина километри, и до вчера биле пронајдени рекордни 2,2 тони марихуана.
Постои сомневање дека некој ги изветил шверцерите дека полицијата добила дојава за пратката и поради тоа ја фрлиле дрогата во море и истите се спасиле од апсење.
Меѓутоа, уапсени се двајца рибари, државјани на Тунис, кои не учествувале во криумчарењето, но се обидувале на нивните бродчиња да сокријат од дрогата што ја извлекувале од водата.
Во тек е истрагата за да се утврди дали пратката стигнала од Црна Гора или од Албанија.
„Очигледнот е дека новите рути од Албанија и Црна Гора се нова мета на поморскиот шверц на дрога“, навеле припадници на финансиската полиција од Термоли.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.