Црна хроника
Загинат пешак, повредени тројца во сообраќајки низ Македонија

Еден пешак загина, едно петгодишно дете е повредено, како и двајца други кои учествувале во одделни сообраќајни незгоди низ Македонија.
Имено, во четвртокот, околу 16.10 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, се случила сообраќајна незгода во која Д.Т.(1985) од Куманово, управувајќи автомобил „Голф“ удрил во пешакот С.Т. (1941) од село Арбанашко–Општина Старо Нагоричане. По незгодата пешакот С.Т. е пренесена во болницата во Куманово, каде е констатирана смрт. Увид на лице место извршиле ОЈО и екипа од СВР-Куманово.Истиот ден, околу 16.30 часот во Куманово на ул.„11-ти Ноември“ пред влезот на „Тетовскиот Универзитет“, се случила сообраќајна незгода во која З.А.(1992) од село Слупчане-Општина Липково, управувајќи автомобил „БМВ“ удрил во дете на пет годишна возраст што возело велосипед од Куманово. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди па по укажаната лекарска помош во болницата во Куманово, е префрлено во Ургентниот центар во Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.Во четвртокот во 22.15 часот во Битола на ул.„Никола Тесла“, се случила сообраќајна незгода во која М.К. (1962) од Битола управувајќи мопед „Томос“, изгубил контрола на мопедот и удрил во ѕид од куќа. Во незгодата М.К. се здобил со крварење во мозокот при што е задржан на лекување во Клиничката болница-Битола и е во животна опасност. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Битола.Во четвртокот, во 19.20 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Кичево, во близина на село Пласница, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Опел Корса“, управувано од Н.А. (1996) од село Пласница, и трактор со приколка управуван од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото. Во незгодата Н.А. се здобил со фрактура на ребра и на десна потколеница, по што е пренесен во ЈЗУ-Кичево, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен во Скопје. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод./крај/мф/бб
Извор: Илустрација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.