Регион
Конзервативецот Павлопулос избран за нов претседател на Грција

Конзервативниот пратеник и поранешен министер Прокопис Павлопулос во средата е избран за нов претседател на Грција, јавија грчките медиуми.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас обезбеди доволно гласови во парламентот, неговиот кандидат да биде избран за нареден шеф на Грција. Кандидатот на владата ги освои неопходните 180 гласови од пратениците и наредниот месец ќе ја преземе оваа функција. Тој ќе го наследи 85-годишниот Карлос Папуљас, чиј петгодишен мандат истекува во март. Павлопулос од 2004 до 2009 година ја вршеше функцијата министер за внатрешни работи во владата на конзервативната партија Нова демократија.Именувањето на Павлопулос за кандидат за претседател е изненадување, а се очекуваше Ципрас за оваа функција да го предложи европскиот комесар за миграција Димитрис Аврамопулос, умерен член на десниот центар.Според очекувањата, Павлопулос беше изгласан во грчкиот парламент без поголеми проблеми откако коалицијата на левичарската Сириза и десничарската Партија на независни Грци во парламентот има 162 од вкупно 300 пратеници.Грчката влада требаше во средата да го именува својот кандидат за претседател на државата, но тоа беше одложено поради синоќешните клучни разговори во Брисел за грчкиот долг со министрите за финансии на еврозоната, коишто не резултираат со договор.Шеесет и четиригодишниот Прокопис Павлопулос е искусен конзервативен политичар од моментално главната опозициска партија Нова демократија, правен експерт, професор и непоколеблив проевропски политичар.Меѓутоа некои критичари од редовите на левицата го сметаат за неспоив со најавите на новата левичарска влада која се очекува радикално да го смени политичкиот живот./крај/тј
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.
Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.
„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.
Регион
(Видео) Таксист се залета со возилото во демонстранти во Смедерево

Додека граѓаните мирно преминувале пешачки премин во Смедерево, возач на такси налетал на луѓе.
Smederevo, taksi nosi coveka na haubi. Tablice: Sd 0814 tx pic.twitter.com/8rAciLoxVe
— Petar Petrovic (@tombomn) July 4, 2025
Притоа еден граѓанин бил собран од возилото и се возел на хаубата околу 200 метри, јавува репортер на Н1.
Од утрово продолжуваат блокадите низ цела Србија, а неколку студенти беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Исто така беше приведен и граѓанин во Крагуевац кој одбил да даде документи за идентификација на српската полиција.
Регион
(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа.
Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8
— TV N1 Beograd (@n1srbija) July 4, 2025
На повик на студентите во блокадата, утрово во седум часот, граѓаните на Крагуевац се собраа на раскрсницата кај облакодерот Застава, а потоа почнаа да ги преминуваат пешачките премини, со што го нарушија сообраќајот.
Minut nakon što su građani blokirali raskrsnicu kod Osnovnog suda, policija je napravila obruč i primorala ih da se presele na trotoar.
Građani odatle idu ka crkvi Svetog Luke, gde ih čeka policijski kordon .
🎥 @stjdznstj pic.twitter.com/EprfuPUI1m
— Južne vesti (@juznevesti) July 4, 2025
Приведен е граѓанин во Крагуевац, кој одбил да ѝ дозволи на полицијата да му ја види личната карта.
Hapšenje studenata FDU-a ispred Fakulteta dramskih umetnosti!!! Na livadi. #svinaulice pic.twitter.com/3jKhzuuEpL
— FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) July 4, 2025
Полициските службеници одведоа неколку студенти кои беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Сообраќајот на трамвај и тролејбус во Белград е прекинат поради блокади, а сите возила се повлечени во гаражи додека не се исполнат услови за нивно враќање во сообраќај, објави Танјуг.