Европа
Камерон ја реконструираше британската влада, Хамонд нов шеф на дипломатијата
Британскиот премиер Дејвид Камерон го именуваше во вторникот Филип Хамонд за нов министер за надворешни работи по ненадејната оставка на Вилијам Хејг и ја спроведе најголемата реконструкција на својата влада од 2010 година, именувајќи жени и евроскептици неполна година пред изборите закажани за мај 2015 година.
„Филип Хамонд е новиот министер за надворешни работи“, напиша британскиот премиер Дејвид Камерон на својот официјален акаунт на Twitter претходно во вторникот пред да ги објави другите именувања во својот кабинет.Педесет иосумгодишниот Хамонд, кој беше министер за одбрана од 2011 година, го наследува Вилијам Хејг кој приреди големо изненадување со оставката поднесена во понеделникот доцна навечер, образложувајќи дека сака да ја преземе улогата на челник на долниот дом на британскиот парламент кој е претставник на владата кој го одредува дневниот ред на заседавањата. Филип Хамонд, инаку, е истакнат евроскептик кој изјави дека за Велика Британија би било подобро да излезе од Европската унија, доколку премиерот Дејвид Камерон не успее да издејствува подобри услови за членството на својата земја. Именувањето на Хамонд веднаш ги поттикна шпекулациите дека Камерон, челникот на владејачките конзервативци, се обидува евроскептично да ја конотира владејачката коалиција за да ги задоволи барањата на сé погласното крило на незадоволниците во партијата и да се спротистави на предизборната закана којашто доаѓа од крајната десница на Британската независна партија (UK Independence Party – UKIP) којашто изненади со победата на мајските избори за Европскиот парламент. Според неодамнешната анкета што ја спроведе YouGov, британските лабуристи водат пред конзервативците со 38 наспроти 33 отсто гласови, доколку во моментов се одржат изборите. Во новиот 23-член кабинет на Камерон ќе има шест жени во споредба со трите во претходната 22-члена влада. Лабуристите досега редовно на Камерон му забележуваа за малиот процент жени ангажиран на највисоките должности. Така, 38-годишната Лиз Трас е именувана за министерка за околина, храна и рурални прашања. Мајкл Фалон, досегашниот министер за енергетика е именуван за нов министер за одбрана. Сер Џонатан Хил, 53-годишниот челник на Конзервативната партија во домот на лордовите, релативно непознат пратеник кој ја поддржува стратегијата на Камерон за преговарање за новите услови за останување на Велика Британија во ЕУ, стана нов британски комесар за Европската комисија. Сменет од должноста е Кенет Кларк, 74-годишниот министер без портфељ, што е најдобриот доказ дека Камерон сака да ја подмлади владата. Познат како директен и отворен говорник, Кларк имаше „недостаток“ што е еврофил. Му вети на Камерон дека „силно ќе се бори за опстанокот на Британија во Европската унија“. Британскиот дневен весник The Daily Mail пишува за „чистка на педесетгодишниците“, во којашто се исфрлени и Овен Патерсон, досегашниот министер за околина, Дејвид Вилетс, државниот секретар за универзитети, Дејвид Џонс, министер за Велс и Ендрју Ронатан, министерот за Северна Ирска. Исфрлен од владата на Камерон е и Грег Бејкер, државниот секретар за климатски промени. Лабуристите во вторникот ја критикуваа реконструкцијата на Камерон нарекувајќи ја „масакр на умерените“, и оценија дека промените ја одразуваат слабоста на премиерот и неуспехот да ја реформира својата партија. „Во очајничкиот обид да ја добие поддршката во сопствената партија, тој ја реконструира владата исфрлајќи ги центристите и придвижувајќи го десното крило“, а „колежот на умерените покажува во која мера Дејвид Камерон е слаб“, изјави портпаролот на лабуристите Мајкл Дагер./крај/мф/снСветКамерон ја реконструираше британската влада, Хамонд нов шеф на дипломатијатаЛондон, 15.07.2014 (Макфакс) – Британскиот премиер Дејвид Камерон го именуваше во вторникот Филип Хамонд за нов министер за надворешни работи по ненадејната оставка на Вилијам Хејг и ја спроведе најголемата реконструкција на својата влада од 2010 година, именувајќи жени и евроскептици неполна година пред изборите закажани за мај 2015 година.„Филип Хамонд е новиот министер за надворешни работи“, напиша британскиот премиер Дејвид Камерон на својот официјален акаунт на Twitter претходно во вторникот пред да ги објави другите именувања во својот кабинет.Педесет иосумгодишниот Хамонд, кој беше министер за одбрана од 2011 година, го наследува Вилијам Хејг кој приреди големо изненадување со оставката поднесена во понеделникот доцна навечер, образложувајќи дека сака да ја преземе улогата на челник на долниот дом на британскиот парламент кој е претставник на владата кој го одредува дневниот ред на заседавањата. Филип Хамонд, инаку, е истакнат евроскептик кој изјави дека за Велика Британија би било подобро да излезе од Европската унија, доколку премиерот Дејвид Камерон не успее да издејствува подобри услови за членството на својата земја. Именувањето на Хамонд веднаш ги поттикна шпекулациите дека Камерон, челникот на владејачките конзервативци, се обидува евроскептично да ја конотира владејачката коалиција за да ги задоволи барањата на сé погласното крило на незадоволниците во партијата и да се спротистави на предизборната закана којашто доаѓа од крајната десница на Британската независна партија (UK Independence Party – UKIP) којашто изненади со победата на мајските избори за Европскиот парламент. Според неодамнешната анкета што ја спроведе YouGov, британските лабуристи водат пред конзервативците со 38 наспроти 33 отсто гласови, доколку во моментов се одржат изборите. Во новиот 23-член кабинет на Камерон ќе има шест жени во споредба со трите во претходната 22-члена влада. Лабуристите досега редовно на Камерон му забележуваа за малиот процент жени ангажиран на највисоките должности. Така, 38-годишната Лиз Трас е именувана за министерка за околина, храна и рурални прашања. Мајкл Фалон, досегашниот министер за енергетика е именуван за нов министер за одбрана. Сер Џонатан Хил, 53-годишниот челник на Конзервативната партија во домот на лордовите, релативно непознат пратеник кој ја поддржува стратегијата на Камерон за преговарање за новите услови за останување на Велика Британија во ЕУ, стана нов британски комесар за Европската комисија. Сменет од должноста е Кенет Кларк, 74-годишниот министер без портфељ, што е најдобриот доказ дека Камерон сака да ја подмлади владата. Познат како директен и отворен говорник, Кларк имаше „недостаток“ што е еврофил. Му вети на Камерон дека „силно ќе се бори за опстанокот на Британија во Европската унија“. Британскиот дневен весник The Daily Mail пишува за „чистка на педесетгодишниците“, во којашто се исфрлени и Овен Патерсон, досегашниот министер за околина, Дејвид Вилетс, државниот секретар за универзитети, Дејвид Џонс, министер за Велс и Ендрју Ронатан, министерот за Северна Ирска. Исфрлен од владата на Камерон е и Грег Бејкер, државниот секретар за климатски промени. Лабуристите во вторникот ја критикуваа реконструкцијата на Камерон нарекувајќи ја „масакр на умерените“, и оценија дека промените ја одразуваат слабоста на премиерот и неуспехот да ја реформира својата партија. „Во очајничкиот обид да ја добие поддршката во сопствената партија, тој ја реконструира владата исфрлајќи ги центристите и придвижувајќи го десното крило“, а „колежот на умерените покажува во која мера Дејвид Камерон е слаб“, изјави портпаролот на лабуристите Мајкл Дагер./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинци: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во Јејск, како дел од подготовките за напад врз руска подморница во градот Новоросијск.
„Ова е авион дизајниран за поморско извидување, пребарување на подморници, следење на морски површини, поставување мински полиња и извршување напади со торпеда“, соопшти СБУ.
Според украинското разузнавање, погодениот Ил-38Н активно дејствувал против украински поморски беспилотни летала. Проценетата вредност на авионот е околу 24 милиони долари. СБУ истакнува дека Русија имала само еден авион од оваа класа во Црното Море способен да го открие украинскиот подводен дрон „Sub Sea Baby“ додека се движел кон својата цел.
Онеспособувањето на леталото, тврди УСБ, овозможило успешно спроведување на главната фаза од специјалната операција, експлозијата на руската подморница од класата Варшавјанка.
„За напад врз Ил-38Н, УСБ користела современ дрон со боева глава за површинска детонација опремена со 2.000 фрагменти насочени надолу. Детонацијата се случила директно над главната опрема и радарскиот оддел, а моторот бил оштетен“, објави украинското разузнавање.
УСБ претходно објави дека на 15 декември, за прв пат во историјата, руска подморница била уништена со употреба на подводни дронови „Sub Sea Baby“. Нападот во Јејск, според украинските тврдења, бил клучен предуслов за успехот на операцијата.
Европа
(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото каде што пред два дена беше убиен генерал
Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција, соопшти Рускиот истражен комитет.
Според официјалното соопштение, двајца полицајци забележале сомнително лице во близина на службено полициско возило. Кога му се приближиле за да го идентификуваат и да го приведат, била активирана експлозивна направа.
„Двајца полицајци и едно лице кое било во нивна близина починале од повредите на местото на настанот“, се вели во соопштението на Истражниот комитет. Експлозијата се случила во густо населена област на градот. Членови на Истражниот комитет, полицијата, Росгвардија и службите за итна медицинска помош остануваат на местото на настанот.
🇷🇺🇺🇦 Moscow appears hit by another terror attack
An explosion in southern Moscow killed three — two police officers and an unidentified suspect
Officers noticed a suspicious person near their patrol car overnight, but as they moved to detain them, an explosive device detonated… pic.twitter.com/K5Jpeu9OJD
— The Other Side Media (@TheOtherSideRu) December 24, 2025
Руските власти потврдија дека е отворена кривична постапка. Најавено е дека ќе бидат спроведени неколку форензички вештачења, вклучувајќи медицински и експлозивно-технички вештачења, за да се утврдат околностите на инцидентот, видот на експлозивната направа и начинот на нејзино активирање.
Државното обвинителство ја презеде истрагата. Сè уште не е објавено дали третото лице кое загинало било напаѓач или дали постои врска со организирани структури или политички мотиви.
За потсетување, пред два дена, рускиот генерал Фанил Сарваров беше убиен во експлозија на автомобил-бомба во Москва, во близина на местото каде што се случи и синоќешната експлозија, а ова беше трет случај на убиство на генерал во Москва за една година.
Европа
Папата: Русија се чини дека го одбила барањето за примирје за Божиќ
Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет вчера вечер, без да спомене никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“.
„Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на Рождеството на Спасителот“, рече Папата додека ја напушташе својата резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим, пред да се врати во Ватикан.
„Можеби ќе нè послушаат и ќе има 24 часа мир низ целиот свет. Она што особено ме растажува е фактот дека Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“, истакна тој.
Лав XIV ќе ја прослави својата прва божиќна миса по изборот за Папа пред да го одржи својот традиционален благослов „Urbi et Orbi“ напладне во четврток, во кој папата традиционално ги разгледува конфликтите низ целиот свет.

