Регион
Партијата AKP надмоќно води на турските избори

Исламско конзервативната Партија на правдата и развојот (AKP) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган надмоќно води на важните вонредни парламентарни избори кои се одржаа во неделата во Турција според првичните делумни резултати коишто ги објавија локалните информативни мрежи.
По речиси две третини од преборените гласови, Партијата на правдата и развојот (AKP)) добила 50,66 отсто од гласовите, пренесоа телевизиите NTV и CNNTurk, па се оценува дека повторно ќе го има апсолутното мнозинство во парламентот кое го загуби на јунските избори.Републиканската народна партија (CHP – социјалдемократите ) се на второто место со 24,75 отсто од гласовите, а следува Партијата на национална акција (MHP) која освојува 11,98 отсто, што е послабо за речиси пет процентни поени од изборите на 7-ми јуни, додека Демократската народна партија (HDP – прокурдска) освојува 10,5 отсто, што е малку полош резултат од претходното гласање.AKP на изборите на 7-ми јуни освои 40,6 отсто од гласовите и го загуби мнозинството во парламентот откако ја презема власта во 2002 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.