Македонија
(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да докаже дали е за ЕУ и НАТО или поважна му е амнестијата на Груевски

Врвот на ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски пред целата јавност мора да докаже дали навистина е за ЕУ и НАТО или најважна од се им е амнестијата на Никола Груевски, порача пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов.
„Над 600.000 граѓани јасно се определија за иднина во ЕУ и НАТО. Колку и тоа да не му се допаѓа на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, волјата на граѓаните мора да биде почитувана. Пратениците на ВМРО ДПМНМЕ мора да ја следат волјата на граѓаните. Мора да се вклучат во процесите што обезбедуваат членство во ЕУ и НАТО.
Наместо преку нелогични барања да се обидуваат да добијат амнестија за Груевски, Мицкоски, раководството и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја почитуваат и спроведат мнозинската волја изразена на референдумот.
Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи да се однесува неодговорно и продолжи да ја блокира иднината, ќе мора да има предвремени избори.
Ако Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ продолжат да ја носат Македонија во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе одлучат за иднината.
Време е ВМРО-ДПМНЕ да се оттргне од матрицата на Груевски и да ја почитува волјата на над 600.000 граѓани кои се определија за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и загарантиран македонски идентитет“ соопшти Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Бројот на вработени намален за 17.000 – погубни економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени, обвини СДСМ.
Според партијата, тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија.
„Со оваа неспособна Влада: пазарот на труд се стеснува, продуктивното население е разочарано и заминува, Фондот за пензиско осигурување е под притисок, бидејќи денес 1,63 вработени обезбедуваат една пензија, наместо 1,74 како што беше пред само една година. Владата нема стратегија, нема визија, нема мерки за задржување и отворање на нови работни места“, велат од СДСМ.
Од таму обвинија дека ова се последици од владеењето на Мицкоски и дека се зголемува несигурноста за младите, пензискиот систем се доведува во ризик, а приватниот сектор е оставен сам да се снаоѓа.
Македонија
Регионална иницијатива за превенција од пожари на Западен Балкан

Во услови на зголемени ризици од пожари, започна регионална иницијатива за подигање на свеста за управување со пожари на ниво на предел во земјите од Западен Балкан. Иницијативата, поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има за цел да го поттикне интегрираното и одржливо управување со екосистемите, наместо традиционалниот пристап што се фокусира исклучиво на гаснење.
Пожарите оставија сериозни последици врз природата, економијата и животот на граѓаните, а над 90% од нив се предизвикани од човечка невнимателност — факт што укажува дека превенцијата е клучна.
Преку интерсекторска соработка, јакнење на локалните капацитети и активности на терен, иницијативата тежнее да создаде предели и заедници отпорни на пожари.
„Природата е наша заедничка одговорност. Со здружени напори можеме да постигнеме нула пожари предизвикани од човечки фактор,“ велат од Министерството.
Македонија
Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат од компанијата „Мирана“ преку официјално соопштение.
Од ударот се оштетени дел од просториите на „Биокосмос“ и, како што посочуваат од таму, тие привремено ќе бидат надвор од употреба додека не се санира штетата.
Фабриката „Мирана“, која се наоѓа во истиот индустриски комплекс, не била зафатена од пожарот и производствениот процес таму продолжува непречено.
Во пожарот нема повредени лица.
Центарот за управување со кризи претходно денес информира дека пожарот бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот. Според информациите на ЦУК, огнот зафатил магацински простор со фрижидери и канцеларии со документација, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење.
Иако пожарот е ставен под контрола, службите сè уште се на терен за да спречат повторно разгорување, со оглед дека на одредени локации сè уште се јавуваат чадења.