Црна хроника
Кривична пријава за лицето кое го прободи тапанџијата што најавуваше ифтар
Струшката полиција поднесе кривична пријава против педесетгодишен жител на струшкото село Долна Белица за обид за убиство на тапанаџијата кој беше прободен со нож додека најавувал ифтар.
Инцидентот се случи на 7 овој месец, на улица „ЈНА“ во Струга, вечерта во 20.30 часот, кога Ф.Р., кој бил пијан, го забележал седумдесет и деветгодишниот тапанџија кој со тапан најавувал дека е време за вечера според муслиманскиот рамазански пост.Извадил нож и го прободел, при што му нанел расекотина во должина од 16 сантиметри. Полицајците за кратко време го пронашле напаѓачот и при извршено алкотестирање, кај него констатирани се 2,24 промили алкохол во крвта.Жител на Струга за Макфакс, кога се случи инцидентот, изјави дека тапанџијата кој најавувал дека започнува времето за ифтар бил прободен со нож и напаѓачот му го фрлил тапанот во реката Црн Дрим во Струга./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

