Регион
Детали за убиството на бугарската новинарка – толку брутално била удирана по главата што не можеле да ја идентификуваат
Бугарските власти го испитуваат бруталното убиство на новинарката Викторија Маринова, која работела на истражувачки стории за корупција со средства од Европската Унија. Сè уште нема осомничени за убиството, но детали за случајот што ја вознемири Бугарија, но и регионот, почнаа да се изнесуваат во јавноста. Ова е четврт новинар што е убиен во Европа годинава.

Телото на 30-годишната Викторија Маринова беше пронајдено во саботата во близина на пешачка патека во градот Русе. Првичните анализи покажале дека причина за смртта е удар на главата и задушување.
Бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Младенов, го опиша убиството како исклучително брутално и рече дека Маринова била силувана пред да биде убиена. Тој рече дека главните инспектори за убиство во земјата биле испратени во Русе за да работат на случајот.
Shocked by horrific murder of investigative journalist Victoria Marinova in #Bulgaria. Urgently call for a full and thorough investigation. Those responsible must be held to account. #journosafe #SOFJO
— OSCE media freedom (@OSCE_RFoM) October 7, 2018
Регионалниот обвинител на Русе, Георги Георгиев, изјави за државните медиуми дека не ги пронашле нејзиниот мобилен телефон, клучевите за автомобилот, очилата и дел од нејзината облека.
Според медиумите, бугарска истражувачка новинарка Викторија Маринова толку брутално била претепана и удирана по лицето што не можела да биде идентификувана. Нејзиното полуголо тело беше пронајдено во оддалечена област по должината на реката Дунав во Русе, но потребни биле неколку часа за да биде идентификувана.
Investigative journalist Victoria Marinova brutally murdered last night in Bulgaria. Her latest article covered state corruption. She was 30
— EFJ (@EFJEUROPE) October 7, 2018
„Има доволно собрано ДНК-материјал на местото на убиството во Русе, каде што жестоко беше убиена триесетгодишната Викторија Маринова, административен директор на ТВН во Русе, и извршителот ќе биде откриен, изјави бугарскиот премиер, Бојко Борисов.
„Од начинот на кој се работи има многу собран ДНК-материјал – прашање на време е кога ќе се реши случајот“, рече Борисов.
Tелото на новинарката е откриено на кејот на реката Дунав на тешко достапно место. Претпоставките се дека била нападната дoдека трчала на кејот. Во 10.30 часот пиела кафе со колегите, а во 14.18 е извршено убиството.
Не е јасно дали убиството на Маринова е поврзано со нејзината новинарска работа. Властите работат на идентификување сведоци и потенцијални мотиви за нејзиното убиство.

epa07077515 An undated handout photo made available by TVN on 07 October 2018 shows late 30-year-old’s journalist Viktoria Marinova at a local television station, TVN in the town of Ruse, Bulgaria. The body of Viktoria Marinova was found in a park in the northern city of Ruse, near the River Danube on 06 October 2018. . EPA-EFE/TVN RUSE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES
Во извештаите на бугарските медиуми се вели дека изминатата година Маринова известувала за истрага за наводната корупција со средства од Европската Унија за телевизијата ТВН. Таа исто така работела на теми фокусирани на социјални прашања и била вклучена во хуманитарна работа.
„Со огромна болка и непремостлива тага екипата на телевизијата ТВН се соочува со загубата на нашата сакана колешка Викторија Маринова“, се вели во соопштението на ТВН.
Комитетот за заштита на новинарите ги повика бугарските власти да спроведат ригорозна и темелна истрага за убиството.
„Комитетот е шокиран од варварското убиство на новинарот Викторија Маринова“, рече претставникот на Комитетот во Европската Унија во Брисел, Том Гибсон. Според него, бугарските власти мора да ги искористат сите напори и ресурси за да извршат исцрпна истрага и да ги изнесат одговорните пред лицето на правдата“.
Бугарските медиуми известуваат дека нејзината последна емисија емитувана на 30 септември, „Детектор“, била посветена на тоа прашање, а гости ѝ биле колегите – бугарскиот новинар Димитар Стојанов од веб-страницата ‘Бивол’ и романскиот новинар Атила Биро, член на проектот РИСЕ за истражувачко новинарство во Романија.
Харлем Дезир, претставник за слобода на медиумите за Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), на „Твитер“ го осуди убиството велејќи дека внимателно ќе ја следи истрагата.
Бугарија е рангирана на 111. место од 180 земји во индексот на слободата на печатот на „Новинари без граници“. Маринова е четвртиот новинар што е убиен во Европа во последните 14 месеци.
Ким Вол, шведска новинарка, беше обезглавена и убиена во август 2017 година за време на интервјуто во подморницата на пронаоѓачот Петер Мадсен во Копенхаген. Мадсен беше осуден на доживотна казна за убиство.
Во октомври 2017 година малтешкиот новинар Дафне Каруана Галиција беше убиена во автомобил бомба во близина на својот дом. Неколку луѓе се судат за детонирање на бомбата, но никој не е уапсен за организирање на нејзиното убиство.
Во февруари 2018 година словачкиот новинар Јан Куцијак беше застрелан во својот дом. Во моментот обвинети се три лица за убиството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.
Регион
Делегацијата на ЕУ во БиХ ги осуди инцидентите на концертот на Томпсон: „Покажете почит кон жртвите“
Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина ги осуди инцидентите на концертите на Марко Перковиќ Томпсон во Широки Бријег минатата недела, кога дел од публиката извикуваше усташки слогани и поздравуваше со крената десна рака.
„Фотографиите и видеата од неодамнешниот концерт во Широки Бријег ги покажуваат учесниците како извикуваат слогани и нагласуваат карактеристики поврзани со фашистички идеологии. Глорификацијата и релативизацијата на фашистичките идеологии немаат место во демократското општество и нè потсетуваат на најтемните периоди од европската историја“, се вели во соопштението, пренесува „Тпортал.хр“.
Во исто време, ЕУ ги повика сите да покажат почит кон жртвите на злосторствата извршени за време на Втората светска војна, а „надлежните органи да ги истражат инцидентите во согласност со домашното законодавство“, се вели во соопштението.
Извикувањето на усташкиот слоган „Подготвени за дом“ и поздравувањето со крената десна рака на концертите на Томпсон одржани на 13 и 14 февруари во вторник беа осудени од ОБСЕ и мисијата на Обединетите нации во Босна и Херцеговина.
Тие, исто така, ги повикаа властите во БиХ да спроведат истрага и да ги санкционираат сите оние што се однесуваат на овој начин.

