Свет
„Маркс и Спенсер“ критикувани за продажба хиџаб како школска униформа за мали девојчиња

„Маркс и Спенсер“ се цел на жестоко критики откако понудија на продажба хиџаб како дел од нивната понуда на училишни униформи,а исламскиот реформатор и активист против екстремизам Маџид Наваз, ја обвини водечката британска стоковна куќа за олеснување на средновековизмот, пренесува „Брејтбарт“.
„Во „Маркс и Спенсер“ го олеснуваат средновековизмот со продажба на детски хиџаби во категоријата училишни униформи. Нивно право е да го изберат профитот пред вредностите, но наше право е да ги засрамиме поради тоа. За да биде појасно, нудат хиџаб и за мали девојчиња на возраст од 3 години,“ напиша тој на „Твитер“.
Исламскиот хиџаб може да се најде на страницата со училишни униформи по цена од фунти, а доаѓа во црна и темносина боја и е наменет за девојчиња на возраст од три години до средношколска возраст.
Една лондонска мајка на три деца вели дека ѝ е непријатно да купува други работи од униформите од „Маркс и Спенсер“, каде што вообичаено пазари, се додека во стоковната куќа се продава угнетувачката облека.
Училишните униформи најчесто се задолжителни во целоот Обединето Кралство и иако се разликуваат по боја и по стил, генеричките предмети како блузи и здолништа може да се купат во стоковните куќи. На критките од Наваз дека го олеснуваат средновековизмот и ги сексуализираат девојчињата на возраст од три години, портпаролот на „Маркс и Спенсер“ одговори на „твитер“:
„Ние нудиме униформи за 250 училишта низ целата земја и тие ни кажуваат кои предмети им се потребни како дел од нивната училишна униформа. Голем број училишта годинава побараа хиџаб како опција. ”
Ова не е прв случај британсата стоковна куќа да се најде на насловните страници за продажба на исламска облека што ги прикрива женските тела. Тие беа критикувани и во 2016 година за продажба на буркини одобрени од шеријатските правила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Хутите испукаа ракета кон Израел, соборена е

Израелските сили пресретнаа балистичка ракета испукана од Хутите во Јемен кон Израел, соопштија воени претставници, според „Тајмс оф Израел“.
Нема извештаи за штети или повредени. Сирени се огласија во централен Израел, областа Ерусалим и неколку населби на Западниот Брег.
The Israel Defense Force reports the successful interception earlier of a ballistic missile fired by the Iranian-backed Houthi terrorist group in Yemen at Central Israel. pic.twitter.com/7I64NV7f0D
— OSINTdefender (@sentdefender) September 16, 2025
Ракетниот напад се случи кратко откако израелските воздухопловни сили го бомбардираа пристаништето Ходеида во западен Јемен, контролирано од Хутите, како одговор на претходните напади врз Израел.
Од 18 март, кога израелската војска ја продолжи својата офанзива против Хамас во Појасот Газа, Хутите во Јемен испукаа 84 балистички ракети и најмалку 37 беспилотни летала кон Израел.
Свет
(Видео) Трамп постави барања до Европа и до Зеленски, само од Путин не бара ништо

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Европската Унија да престане да купува нафта од Русија поради војната во Украина и му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека мора да постигне мировен договор со Владимир Путин.
Трамп ги опиша постојните европски санкции како недоволни и ги повика сојузниците во НАТО да воведат санкции врз Кина поради нејзината поддршка за Русија. Интересно е што, за разлика од Европа и Зеленски, тој не постави никакви барања до рускиот претседател Владимир Путин.
.@POTUS: "Zelensky's going to have to make a deal, and Europe has to stop buying oil from Russia." pic.twitter.com/FNpw1WMnBQ
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) September 16, 2025
Порака до Зеленски и Европа
Во разговор со новинарите денес, Трамп ги повтори своите барања до Украина и Европа. „Зеленски ќе мора да склучи договор. И Европа мора да престане да купува нафта од Русија“, рече Трамп, нагласувајќи дека украинскиот претседател мора да постигне мировен договор со рускиот претседател Владимир Путин.
Изјавите доаѓаат само еден ден откако тој рече дека не сака европските нации да продолжат да купуваат нафта од Русија и ги критикуваше нивните санкции како „не доволно строги“.
„Санкциите мора да бидат построги“
Трамп ја повтори својата долгогодишна загриженост за војната во Украина и неговата желба да посредува во мировен договор меѓу Москва и Киев.
„Европа купува нафта од Русија. Не сакам тие да купуваат нафта – а санкциите што ги воведуваат не се доволно строги. Јас сум подготвен да воведам санкции, но тие ќе мора да ги заострат своите санкции пропорционално на она што го правам“, рече тој.
Свет
Ердоган: Нетанјаху е како роднина на Хитлер

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради израелскиот напад од минатата недела врз преговарачкиот тим на Хамас во Катар, велејќи дека Нетанјаху идеолошки е како братучед на Хитлер.
„Исто како што Хитлер не можеше да го предвиди поразот што го чекаше, Нетанјаху ќе се соочи со истата крајна судбина“, додаде тој по враќањето од Доха, каде што присуствуваше на вонреден арапско-исламски самит по израелскиот воздушен напад.
Ердоган го нарече нападот врз преговарачкиот тим на Хамас јасен предизвик за меѓународниот поредок и меѓународното право. Тој тврдеше дека израелското раководство „го претворило својот радикален начин на размислување во ништо повеќе од убиствена мрежа изградена врз фашистичка идеологија“.
Ердоган истакна дека усвојувањето на Њујоршката декларација за решението со две држави од страна на Генералното собрание на ОН претставува голема пресвртница во дипломатскиот пејзаж на палестинското прашање. Декларацијата беше одобрена од 142 земји, а Ердоган нагласи дека таа ја одразува долгогодишната поддршка на Турција за решението со две држави, кое сега стана заедничка волја на светското мнозинство.
Осврнувајќи се на неколку западни земји кои неодамна го објавија своето признавање на Палестина, тој предвиде дека ова ќе изврши дополнителен притисок врз Израел. Тој изрази надеж дека „фронтот на човештвото“ ќе добие поширока поддршка на претстојното Генерално собрание на ОН.