Црна хроника
Издадени 2.473 потврди на мигранти во изминатото деноноќие

Потврди на вкупно 2.473 странски државјани биле издадени во периодот од 08,00 часот на 01.10..2015 до 02.10.2015 година во 08,00 часот,соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.382, Авганистан –916, Ирак-98, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 02.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 111.361 странски државјани, од кои, 73.697 се од машки пол, 14.888 се од женски, 18.842 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.934 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-82.689, потоа Авганистан-13.398, Ирак-7.293, Пакистан-2.910 Палестина-1.162, Иран-697, Сомалија-670, Бангладеж-661, Конго-371, Нигерија-223, Камерун-178, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-118, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 01.10.2015 до 02.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена шверцувала мигранти со автомобил

Вчера во 19:20 часот на автопатот „Пријателство“, кај клучката за село Прдејци, полициски службеници од ПСГН „Богородица“ ја лишија од слобода М.П.(39) од Скопје, затоа што во патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски таблички, кое таа го управувала, биле пронајдени шест лица мигранти од Египет.
Претходно полициските службеници во с. Богородица забележале дека во возилото влегуваат мигранти и по преземени мерки, возилото е сопрено, а скопјанката што го управувала е лишена од слобода и по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираа од полицијата.
Мигрантите се пренесени во Прифатно транзитниот центар „Винојуг“-Гевгелија.
Црна хроника
Приведен 19-годишник во Тетово оти предизвикал пожар

Тетовската полиција го приведе 19-годишниот С.М. од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли.
Со тоа, како што велат од МВР, предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на улицата Маршал Тито во Тетово.
Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Црна хроника
Тешко повреден возач на тротинет во судир со автомобил

Вчера вечер во 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(28) од с.Гумалево, скопско и електричен тротинет „шаоми“, управуван од К.М.(59) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.