Контакт

Надворешна политика

Ватикан со висока почит кон македонската традиција

Објавено пред

Бронзениот релјеф со библиска тема, што претседателот Ѓорге Иванов во 2011 година му го подари на папата Бенедикт XVI, поранешниот поглавар на Римокатоличката црква, е изложен во централниот дел на Ватиканските простории и предизвикува огромно внимание и интерес кај бројни странски делегации, кои се во посета на Папата и Ватикан.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Секој што го посетува Ватикан во службена или официјална посета може да го види нашиот подарок. Прекрасно  е чувството да се види на какво место е подарокот што ние сме го врачиле на Папата и на Ватикан“, изјави македонскиот претседател по средбата со папата Франциск.

 

За време на вчерашната аудиенција, македонскиот претседател на папата Франциск му подари сребрен филигрански крст со автентични македонски рубини. Запрашан да ја објасни симболиката на подарокот, претседателот Иванов вели дека рубинот на тлото на Европа се наоѓа единствено во Македонија.

 

„Нашиот рубин е со истата боја како и официјалните облеки што ги носи Папата, така што нему навистина му претставуваше чест што добива еден таков подарок, што ја изразува и верата и традицијата и нашата специфичност“, изјави македонскиот претседател.

 

И двата подарока, сребрениот филигрански крст со македонски рубини, како и бронзениот релјеф, кои ја отсликуваат токму македонската традиција, се подарени од претседателот Иванов на Државата Ватикан, во име на македонскиот народ и во знак на благодарност за високата меѓусебна почит и континуираното пријателство.

 

Бронзениот релјеф, со библиска тема, изработен од македонскиот скулптор Маријан Камиловски, претседателот Иванов му го подари на папата Бенедикт XVI на аудиенцијата по повод Денот на „Светите Кирил и Методиј “во 2011 година. Темата на релјефот, кој предизвика огромна восхит кај ватиканските власти е инспирирана од сонот на Свети Павле, кога му се јавува Македонец и го повикува да дојде во Македонија, со што христијанството почнува да се шири во Европа. /крај/со/ст

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Трамп: Не грижете се, нема да има трета светска војна

Планетата повеќе не се движи кон трета светска војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за новинарот Марк Левин....

Македонија18 минути

Судир за српскиот капитал: ВЛЕН и ДУИ меѓусебно се обвинуваат

ВЛЕН и ДУИ, двете водечки политички субјекти од албанскиот блок во Македонија, се препукуваат поради наводно продирање на српски капитал...

Македонија1 час

Од шумскиот пат кон езерото, се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред...

Македонија2 часа

Антикорупциска брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица со државен капитал...

Свет2 часа

Лавров: Ни Крим ни Донбас никогаш не биле наша цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека Русија никогаш немала намера да ги заземе украинските територии, туку единствено...

Свет3 часа

Што би значел пакт „сличен на Член 5“ за Украина?

Безбедносните гаранции за Киев се клучно прашање во напорите да се прекинат борбите во текот на тековната руска инвазија врз...

Свет4 часа

Шефот на дипломатијата на Трамп ќе ја води работната група за безбедносни гаранции за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја води работната група која ќе изработи предлог за безбедносни гаранции за Украина, потврди...

Свет16 часа

Каја Калас: На Путин не може да му се верува

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и...

Македонија16 часа

Поради пожарот кај Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет18 часа

Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов...

Македонија19 часа

Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево ќе ги поврзува модерна пруга – Владата почнува со подготвки, ЕУ поддржува со 5,3 милиони евра

Владата донесе одлука за започнување на подготовки за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево...

Македонија20 часа

Одложени рочишта во Кривичниот суд поради неспроведување на притвореници – Утковски: Затворот има недостиг на возила и кадар

Во изминатите два дена, речиси сите насрочени рочишта во Основниот кривичен суд Скопје биле одложени, со навремена достава на покани...

Топ21 час

МВР со детали за смртоносната несреќа кај Ресен: двајца загинати, едниот 20-годишен

Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на...

Македонија22 часа

На непристапен терен со силен оган, надлежните се борат од воздух – леталата ја формираат линијата на пресек кај Јасен

Шумскиот пожар во непристапниот терен кај Јасен е повторно активиран, а слабиот дожд не беше доволен за негово сопирање. Директорот...

Свет23 часа

Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали Доналд Трамп за желбата за траен мир во Украина, а ги...

Свет23 часа

Зеленски: Веќе работиме на специфичната содржина за безбедносните гаранции

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека почнале подготовките за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски....

Македонија1 ден

Државниот завод за ревизија: Отсуство на кадар и процедури го загрозуваат квалитетот на податоците во Централниот регистер на населението

Државниот завод за ревизија спроведе проверка на информациските системи со фокус на усогласеноста на процедурите за безбедност на податоците од...

Топ1 ден

(Фото) Во два одвоени случаја уапсени три лица во Кочани и Кочанско, пронајдена дрога

Вчера во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода 22-годишниот Б.Д....

Свет1 ден

Макрон по состанокот: Трамп верува во договорот, јас не верувам во Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази претпазливост во врска со средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет1 ден

Белата куќа објави фотографија: Трамп разговара по телефон со Путин

Американскиот претседател синоќа го повика Путин по средбите со Зеленски и европските лидери. „На крајот од средбите, го повикав претседателот...