Европа
Порошенко: Разговорот со Меркел и Оланд дава надеж за примирје
Мировниот план кој во украинската престолнина Киев го изнесоа германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд и ој во петок во Москва ќе му биде претставен и на рускиот претседател Владимир Путин, дава надеж во постигнување примирје во побунетиот рускојазичен исток на Украина,соопшти доцна ноќта во четвртокот кабинетот на украинскиот претседател Петро Порошенко.
Преговорите коишто во четвртокот доцна попладнето започнаа во Киев, со учество на украинскиот претседател, германската канцеларка и францускиот претседател „даваат надеж во примирјето“, истакнува украинското претседателство во соопштението откако беше откажана, од засега не објаснети причини, заедничката изјава на Петро Порошенко, Ангела Меркел и Франсоа Оланд која беше најавена за доцна вечерта.
Порошенко истакнал дека сите страни мора да го почитуваат мировниот договор потпишан од ланскиот септември во белоруската престолнина Минск.
Според информацијата којашто во текот на ноќта ја објави германскиот дневен весник Sueddeutsche Zeitung, која германската влада експресно ја демантираше, планот предвидува „моментално склучување примирје“ во замена за „поголемата автономија којашто би им се одобрила на сепаратистите на поголема територија од онаа која досега беше предвидувана“..
Како што изјави на 22-ри јануари Кери, бунтовниците успеале досега да ја прошират на околу 1.300 квадратни километри зоната којашто ја контролираат.
„Тие информации не се точни“, изјави портпаролот на германската влада, а за AFP ги демантираше и висок неименуван украински дипломатски извори.
Меѓутоа, треба да се потсети на сличната конфузија кога минатата есен токму за време на посетата на Меркел на Киев, нејзиниот министер за надворешни работи изјави дека едно од решенијата е федерализација на Украина, што првично го бараа проруските бунтовници, пред да ги прогласат ткн „народни републики“ во Донецк и Луганск, на што Киев се противеше, по што канцеларката изјави дека Штајнмаер ја споменал федерацијата „во германското поимање“ на овој термин. Но подоцна парламентот на Укриана по иницијатива на претседателот Порошенко изгласа специјален статус за одметнатите региони познати под заедничкото име Донбас.
Засега останува непознато за што се разговарало во текот на работната вечера на тројцата челници. А украинските медиуми истакнуваат дека најавената заедничка изјава беше откажана.
Од друга страна кабинетот на канцеларката Меркел ноќта кон петокот објави дека основа за преговорите на челниците на Германија и Франција во петокот во Москва ќе бидат 12-те точки од Миснката спогодба, кои инаку на почетокот од септември го меѓусебен телефонски разговори како нацрт ги договорија претседателот Путин и Порошенко.
„Во петок Меркел и Оланд ќе допатуваат во Москва, каде што ќе разговараат со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Украина. Основа за преговорите ќе бидат 12-те точки од сеопфатната минска спогодба“, се наведува во соопштението што го цитира РИА Новости.
Таканаречениот Мински протокол од 12 точки, кој го потпишаа претставниците на Киев, од една, и на побунетите Луганск и Донецк, од друга страна, со посредство на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Русија, потпишан на 5-ти септември, меѓу другото предвидуваше прекин на огнот, повлекување на тешкото вооружување од линијата на раздвојување на 30 километри, во длабочина, размена на заробениците по принципот „сите за сите“, како и голем број политички договори со обврската Украина да донесе закон за специјалниот статус за областите во Донецк, што беше подоцна и сторено.
Иницијативата е во текот на претпладнето од Париз ја објави францускиот претседател. „Ќе изнесеме нов предлог за решавање на конфликтот кој ќе се темели на територијалниот интегритет на Украина. Одиме да разговараме за тоа со претседателот Порошенко, а во петок во Москва ќе разговараме со рускиот претседател“, рече Оланд.
Меѓутоа, тој ништо не кажа за содржината на француско-германскиот предлог. „Дипломатското решение не може да се одложува во недоглед“, предупреди Оланд потсетувајќи дека Франција по тоа прашање се разијдува со САД. „Франција не влегува во расправата за испорака на смртоносно оружје на Украина“, истакна./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

