Свет
Американски водител: Сомнителните пакети можеби се руска операција
Беа потребни помалку од 48 часа за американските мејнстрим-медиуми да се префрлат од обвинување на претседателот Доналд Трамп за серијата сомнителни пакети испратени до водечките демократи и до Си-ен-ен до обвинување на кој друг, ако не на Русија, пишува РТ.
Американските власти сè уште се во лов на лицето или лицата одговорни за десет пакети со наводни бомби – од кои ниту една не експлодира – кои беа испратени до Си-ен-ен и до истакнати демократи во изминатите два дена.
Поголемиот дел од четврточната епизода на Meet the Press Daily на MSNBC, водителот Чак Тод и неговите гости ја следеа нарацијата што ја усвоија повеќето медиуми обвинувајќи ја потпалувачката реторика на Трамп против медиумите, а потоа Тод тргна во друга насока.
„Стравувам дека тоа би можело да биде некоја руска операција“, им рече Тод на своите гости.
Тод не е првиот противник на Трамп што го посочува прстот кон Русија, но до четвртокот вечерта таквите обвинувања беа само од група анонимни активисти на #Отпор на „Твитер“.
Изненадувачки е тоа што токму Тод, а не неговата колешка Рејчел Медоу, која ја тераше приказната за заговорт „Рашагејт“. Случајно или не, Медоу е единственото шоу на MSNBC кое има сличен рејтинг со „Фокс њуз”.
Оваа опсесија со Русија датира од изборите во 2016 година кога кампањата на Хилари Клинтон се обиде да го дискредитира својот ривал за Белата куќа, Доналд Трамп, тврдејќи дека има врски со Кремљ, врз основа на, како што се покажа, несериозно досие составено од британски шпион. По победата на Трамп, Клинтон го обвини за заговор со Русија. Обвинението се ширеше како шумски пожар меѓу незадоволните демократи и до ден-денес останува тема на разговор иако нема докази за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Прво огласување на кралот Чарлс по апсењето на Ендру
Британскиот крал Чарлс се огласи по апсењето на својот брат и поранешен принц Ендру.
„Со најдлабока загриженост ја примив веста за поранешниот принц Ендру Маунтбатен Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и правилен процес за соодветно истражување на ова прашање и од страна на надлежните органи. Во ова, како што реков, тие ја имаат нашата целосна и безусловна поддршка и соработка. Да бидам јасен: законот мора да си го направи своето. Додека овој процес продолжува, не би било соодветно да коментирам понатаму. Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме да ја извршуваме нашата должност и да ви служиме на сите вас. Чарлс Р.“, изјави тој.
Свет
Стармер: Никој не е над законот
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.
Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да се јави кај властите.
„Секој што има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да контактира со надлежниот орган“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епстин, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.
Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.
„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се примени во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен денес во неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден, објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори.
Ендру беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.

