Македонија
Уставен суд денес ќе го оценува планот за деветкатницата пред „Мајчин дом“

Уставниот суд денес ќе ја оценува законитоста на планот во Аеродром со кој е предвидена деветкатницата пред „Мајчин дом“. Одлуката за донесување на деталниот урбанистички план за градска четврт И 10 во општина Аеродром, плански период 2016 – 2021 година е осма точка на дневниот ред за седницата на Уставниот суд.
Планот беше донесен во април 2017 година со бројни забелешки од жителите.
Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, во неколку наврати досега посочи дека единствено Уставниот суд може трајно да ја сопре изградбата на деветкатницата пред „Мајчин дом“ со оценување на законитоста на планот и негово поништување. Градоначалникот Марин му замери на Уставниот суд, кој со месеци не расправал по претставката од Аеродром за планот И 10.
Градежните активности за деветкатницата се сопрени. Општина Аеродром ги сопре на две недели поради недостатоци во градилиштето кои инвеститорот рече дека се отстранети, но, сепак, и по истекот на забраната, не продолжи со градење и најави нова средба со граѓаните.
Инвеститорот Фатмир Етеми изјави за „Макфакс“ дека не се надева на обесштетување со пари оти касата на Општина Аеродром е празна, нова локација како замена за онаа пред „Мајчин дом“ не успеале да најдат па затоа вели дека ќе продолжи со градење.
Официјалниот став на Општина Аеродром е дека преговорите за обесштетување на сопственикот на парцелата за деветкатницата сè уште се во тек, а сумата би можела да достигне 11 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека бројката може да се зголеми до крајот на денот.
Ангелов упати нов апел до граѓаните, особено до земјоделците и сточарите, да бидат исклучително внимателни додека ги извршуваат своите активности во овој критичен период.
Најтежок за гаснење и натаму е пожарот што со денови гори во „Јасен“. Според Ангелов, едниот крак бил ставен под контрола во ноќна битка со огнот, при што била спречена негова експанзија кон селото Брезница.
„Не дозволивме пожарот да премине преку шумски пат, со што понатаму ќе беше загрозено селото. Исчистени беа дрвјата долж патот и линијата беше гаснета целосно. Благодарение на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), пожарникарите од Македонски Брод и вработените во ‘Јасен’, овој крак е стопиран“, изјави Ангелов.
Тој додаде дека состојбата на другата страна на гребенот, кон езерото Козјак, е многу потешка поради непристапниот терен. Таму пожарот се движи, а очекувањата се дека ќе биде стопиран кај карпестиот предел, а за таа цел таму поставени се надлежните служби.
Покрај „Јасен“, активни пожари се регистрирани и во Лозово, каде што гори шумска површина, во Долнени – со пожар на ниска вегетација, како и во Куманово, во атарот на селото Липково, каде што активни се два пожари, од кои едниот е реактивиран.
Македонија
Кузеска: Властa ја пропушти шансата за фер изборен законик

Жалиме што власта ја пропушти шансата да се обезбеди изборна рамка која е фер, праведна и прифатлива за сите, изјави портпароката на СДСМ, Богданка Кузеска за изборниот законик.
„Пред ЗКП направивме координација и сите партии освен ДУИ поддржаа 0,5 за независните. Се ризикува изборите да се претворат во хаос. Мора многу внимателно да се разгледаат сите правни аспекти. Жалиме што се пропушти шансата да се стави рамка која беше добра и прифатлива за сите“, изјави Кузеска одговарајќи на новинарско прашање.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДС пред да зборува за економските политики и за тоа како се живее во државата, нека го праша Филипче како живее, бијдеќи тоа што го збори СДС, а Филипче го прави не соодветствува едно со друго, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на која СДСМ побара покачување на минималната плата и платите во сите сектори.
„Нека каже Филипче како со лекарска и пратеничка плата, се стига до јахти, облакодери и акции во авиокомпании, па да ја раководиме економијата на државата во тој правец. Секако, ако е легално и законски начинот на кој ги заработил парите.
Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи. Од земја на раб на банкрот, зголемени сметки, плати кои стагнираат и не се исплаќаат во време на СДС, за една година го сменивме начинот на живеење. Сега, граѓаните имаат повисоки плати, пензии, нови работни места, земјоделците добиваат субвенции.
Разликата е јасна. Со СДС се крадеше, а сега со ВМРО-ДПМНЕ се градат темелите на промените“, се додава во партиската реакција.