Европа
Лондон разгледува мерки против Русија за случајот Литвиненко, Москва ги отфрли заклучоците на британската истрага
Британија разгледува преземање на натамошни мерки против Русија, откако нејзината утврдила дека „најверојатно“ рускиот претседател Владимир Путин го одобрил труењето на поранешниот шпион Алесандар Литвиненко, додека Москва ги отфрлија заклучоците на истрагата како пристрасна и нетранспарентна и оти од криминален случај прави политички.
Во Лондон во четвртокот беше објавен извештајот на истрагата за смртта на поранешниот офицер на руското разузнавање Александр Литвиненко, за кој се верува дека бил отруен во Велика Британија во ноември 2006 година. Британските власти утврдиле дека извршители на убиството се руски државјани, особено Андреј Луговој, сегашен пратеник во Државната Дума од либералната партија, и претприемачот Дмитриј Ковтун, како и дека „најверојатно“ за тоа наредба дал рускиот државен врв, алудирајќи дека наредбата за ликвидација на двојниот шпион дошла од рускиот претседател Владимир Путин.
„Заклучокот дека убиството е одобрено на највисоките нивоа на руската држава е крајно вознемирувачки. Тоа не е начин на кој се однесува една држава, а не пак членка на Советот за безбедност на ОН. Во светлината на наодите на истрагата го разгледуваме преземањето на натамошни акции“, изјави во четвртокот портпаролката на британскиот премиер Дејвид Камерон.
Руското министерство за надворешни работи ги отфрли заклучоците на британската истрага за ликвидацијата на поранешниот агент на КГБ, Александар Литвиненко во Лондон во 2006 година, соопшти дека водењето на овој случај на овој начин може да им наштети на билатералните односи.
Портпаролката руската дипломатија, Марија Захарова, на брифинг во Москва кој беше директно пренесуван на интернет ја обвини Велика Британија за политизирање на криминален случај.
„Жалиме што едно чисто криминално дело се политизира и ја пореметува атмосферата во нашите билатерални односи. Тој процес…., не беше транспарентен за руската страна, ниту за тамошното општество, поради начинот на кој материјалите се разгледувани зад затворени врати под изговор дека се тајни“, истакна Захарова.
Според неа, конечниот исход е резултат на „политички мотивиран и крајно нетранспарентен процес“.
Британската министерска за внатрешни работи Тереза Меј изјави дека владата ќе го повика рускиот амбасадор во Лондон да му изрази незадоволство поради, како што вели, несоработката на Москва во истрагата за убиството на Литвиненко, за кое се обвинети .
„Резултатот од истрагата којашто година ипол се одвиваше без јавност, водена од наводно професионален судија, за нас не е неочекуван…. Тоа е логичен резултат на квазисудскиот процес. Единствената цел е да се обвини Русија, нејзините претставници, нејзиното водство…. држејќи го случајот во тајност и далеку од јавноста“, одговори портпаролката на руското министерство за надворешни работи.
Британските власти првично во јули 2013 година одбија да спроведат јавна истрага за труењето на Литвиненко. Судскиот вештак изјави тогаш дека владата на Велика Британија го одбила неговото барање за спроведување јавна истрага за убиството на поранешниот советски шпион Александар Литвиненко во Лондон во 2006 година. Вештакот од судска медицина Роберт Овен го испрати тоа барање до британското министерство за правда откако утврдил дека неговата сопствена истрага имала недостатоци, бидејќи не можел да истражи дали Москва стои зад убиството.
Јавната расправа/истрага го замени другиот правен процес – истрагата, стопирана по решението на Овен да се разгледуваат како значајни документи, коишто можеби се однесуваат на можната улога на руската држава во смртта на Литвиненко и прашањето за можноста за спречување на неговата ликвидација.
Јавна расправа, за разлика од истрага, дозволува одржувањето затворени состаноци на коишто може да се разгледуваат тајни документи. Тоа е причината зошто вдовицата на поранешниот офицер на руската федерална безбедносна служба ФСБ офицер. Марина Литвиненко инсистираше на одржување на постапката. Доколку британските власти ја одбиеја расправата, таа се закани дека ќе се повлече од истрага.
Литвиненко почина на 23-ти ноември 2006 година, на 44-годишна возраст набргу по добивањето на британското државјанство, како резултат на труење со високо радиоактивен полониум 210. Неговото здравје брзо се влошувало по состанокот со поранешните руски колеги, Андреј Луговој и Дмитриј Ковтун со кого пиел чај во лондонскиот хотел „Милениум“. Наводно, според британските медиуми, тој на смртната посетела го обвинил рускиот претседател Владимир Путин.
За неговата смрт обвинети се руските тајни служби, конкретно Андреј Луговој. Смртта на Литвиненко доведе до нагло заострување на односите меѓу Москва и Лондон.
Истрага, која треба да ги утврди причините и околностите на смртта на Литвиненко, официјално беше отворена многу брзо по неговата смрт во 2006 година, а главната расправа започна на 2-ти октомври 2013 година.
Како заинтересирани страни, на кои им се претставени сознанијата се тимот адвокати, вдовицата Марина Литвиненко, беше рускиот бизнисмен Борис Березовски, кој бил близок пријател и спонзор на починатиот агент и кој минатата година беше пронајден мртов во неговата куќа во Англија откако претходно му пишувал покајнички писма на Путин, лондонската полиција, Кралското обвинителство, британската влада (во чијашто надлежност се специјалните служби).
Исто така, како заинтересиран страна се јави и Истражната комисија на Руската Федерација. Претходно, Андреј Луговој, главниот осомничен за убиството на Литвиненко според британската страна, го објави своето повлекување од истрагата, бидејќи не е уверен во нејзината непристрасност, што уследи откако судијата од независната истрага се согласи да не се откриваат дел од документите во овој случај, чиешто објавување според настојувањето на британското министерството за надворешни работи може да ја загрози националната безбедност.
Претходно во 2012 година на расправата пред отворањето на истрагата за смртта на поранешниот руски разузнавачки офицер, адвокатот Бен Емерсон, кој ја застапува вдовицата на Литвиненко, соопшти дека Литвиненко бил платен британски агент. Според него Александар Литвиненко бил регистриран платен агент на МI-6, а негова врска бил агентот под псевдоним Мартин, преку кој се поврзал со шпанските разузнавачки служби. Работата за британските, како и за шпанските разузнавачки служби била плаќана со пари кои биле префрлани на банкарската сметка на Александар и Марина Литвиненко, додека некои биле плаќани и во готово, рече тогаш Емерсон.
Адвоактот Емерсон, исто така, соопшти дека Литвиненко се сретнал со Мартин на 31-ви октомври 2006 година, ден пред труењето и дека истиот тој Мартин ќе биде повикан како сведок да учествува во предистражната постапка.
Истрагата за смртта на Литвиненко ја води антитерористичкиот оддел на Скотланд јард. Сите информации поврзани со причините за смртта на Литвиненко се држат во тајност.
По смртта на Литвиненко британските агенции за заштита на здравјето тврдеа дека во неговиот организам нашле големи количества од радиоактивниот елемент полониум-210. Но, ден пред смртта на Литвиненко, неговиот лекар тврдел дека нема никакви знаци на труење со радиоактивни супстанци.
Таткото на Литвиненко, Валтер, претходно ги обвини руските власти за смртта на својот син, но на почетокот на минатата година го нарече својот син предавник и изрази желба да се врати во Русија. Валтер Литвиненко рече дека го сменил мислењето за синот кога дознал дека во целито случај, според сè судејќи, е вмешана британската разузнавачка служба.
Според сведочењето на сопругата Марина Литвиненко, првата исплата во износ од 18 илјади фунти била префрлена на сметката на сопружниците Литвиненко кон крајот на 2003 и почетокот на 2004 година. Потоа MI-6 на Александар Литвиненко му дал лажен пасош. Уплатите во износ од две илјади фунти продолжиле да доаѓаат месечно сѐ до март 2007 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

