Европа
Данска решителна во реформата на законот за азилантите
И покрај бранот остри критики, Данска во четвртокот продолжи со парламентарната расправа за реформи на првото на азил, со што се создава многу веројатна можност за усвојување на многу критикуваната мерка за конфискација на сопственоста на имигрантите, но и во другите чекори коишто, според критичарите, се против меѓународните конвенции.
Во стравот од домино ефектот, агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР е почетокот на годинава ја осуди таа реформа „којашто би можела да го подгрее стравовите и ксенофобијата“ во сите земји коишто примаат имигранти. Според УНХЦР, Данска со тоа ја крши Европската конвенција за човекови права, Конвенцијата за правата на децата и препораките на светската организација за бегалците.
Реформата, за којашто гласањето е предвидено на 26-ти јануари, веројатно ќе биде усвоена откако за неа ќе се договорат владејачката коалиција и опозициските социјалдемократи.
„Данската имиграциона политика се креира во Данска, а не во Брисел“, порача министерката за интеграција и имиграција, Ингер Стоејберт. Според неа, таквите мерки едноставно ги ставаат имигрантите во рамноправна позиција со невработените Данци кои мораат да ја продаваат личната сопственост над одредена вредност, поставена како праг за остварување на правото да добијат социјална помош. Тврди и дека тие средства ќе придонесат за плаќањето на трошоците за здравствената грижа, образованието и домувањето.
Данскиот премиер Ларс Локе Расмунсен претходно изјави дека станува збор за „предлог закон кој е најнесфатениот во историјата на Данска“. Пред католички Божик, Расмусен, одговарајќи на критиките од агенцијата за бегалци при ОН, изјави дека „правилата на играта поради преголемиот број имигранти ќе мора да бидат променети“, и појасни дека „данскиот социјален систем е многу штедар, и оти за да можете да го користите, морате, доколку имате средства, да платите за себе“.
Конфискувањето на драгоценостите на имигрантите по доаѓањето во земјата е едена од најконтроверзните делови на реформата, и беше најмногу критикуван. Меѓутоа, и другите елементи од реформата, како на пример условот за престој, исто така, предизвикаа јавни полемики.
За едените реформата е мерка на социјална правда, а за другите данок на сиромаштијата, и овој документ на полицијата треба да ѝ даде овластувања „да ја одземе целата сопственост која барателите на азил ќе ја донесат со себе, за да може со неа да се покријат трошоците за нивното сместување и исхрана“.
Доколку предлогот биде усвоен, на полицијата ќе ѝ биде дозволено од имигрантите да бара и да конфискува сума којашто надминува 10.000 дански круни, или околу 1.300 евра, како и предмети чијашто вредност ја надминуваат оваа сума. Имигрантите и барателите на азил ќе можат да задржат предмети коишто им претставуваат „голема сентиментална вредност“, како што се семеен накит, одликувања и семејни фотографии.“
Во почетокот само три партии од левицата се противеа на законот за реформа на правилото за азил, но откако социјалдемократите пред една седмица социјалдемократите дадоа согласност за поблагата варијанта на законот, по острите критики и споредбите со одземањето на драгоценостите на Евреите во Втората светска војна, петте дански политички партии во поблагата варијанта на законот се договорија дека лицата коишто бараат азил ќе можат да ги задржат сите предмети од сентиментална вредност, како што се на пример венчалните прстени, и до 10.000 дански круни, сé поверојатно е дека предлогот ќе биде изгласан.
Данска е меѓу европските земји коишто минатата 2015 година примија најмногу имигранти по глава на жител, и нејзините власти оценуваат дека не земјата повеќе не е во можност да го финансира нивниот престој, ниту да ги интегрира./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на Телеграм соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети најверојатно биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, била и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на Телеграм, се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата Телеграм.
Ројтерс сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.