Uncategorized
Лажно се претставувал дека ги штити правата на Египќаните
Лице лажно се претставувало дека ги штити правата на Египќаните, соопштија од здруженијата на Египќаните.
Нивното соопштение го пренесуваме интегрално.
„Ние, здруженијата и организациите што ги обединуваат Египќаните од Македонија, ја информираме јавноста дека лицето Демир Далип, кое во јавноста се појавува и лажно се претставува за претставник на некаква си невладина организација која ги штити правата на Египќаните, не е наш претставник и никој никогаш не го овластил да зборува во име на Египќаните. Господинот Демир Далип лажно се претставува за претставник на невладина организација, која во повеќе наврати ја наведува со разни имиња, а која всушност не постои и никогаш не е регистрирана. Со ова лажно претставување спомнатото лице со години крши одредби од законот, притоа правејќи кривичи дела со лажно претставување во јавноста и медиумите. Ова писмо го упатуваме до ценетите медиуми, јавноста и надлежните органи со цел да го земат предвид и да ја информираат пошироката јавноста дека лицето Демир Далип од никого никогаш не е овластен да се претставува како лидер на нашата етничка заедница Египќани“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.