Надворешна политика
Петти состанок на Скопската конференција
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, заедно со државните потсекретари на Полска, за надворешни работи Артур Новак-Фар и и за инфраструктура и развој Марчин Кубијак, во средата ја отвори петтата традиционална „Скопска Конференција.”
Конференцијата е процес на соработка за пренесување на полските искуства од интеграција во Европската унија во различни области од европското законодавство и помагање на нашите подготовки за членство во ЕУ. Таа се покажа овие пет години како ефикасен форум за дискусии за европската агенда, директни контакти меѓу администрациите, подобро меѓусебно запознавање и заемно разбирање. Фокус на денешната Конференција е на две важни теми: користење на ЕУ фондовите и прашања од областа на правосудството (Поглавје 23).
Државниот потсекретар Новак-Фар нагласи дека „Полска има искуства и знаење да споделува со Македонија за патот на европската интеграција“. Кубијак ја потврди важноста на ефикасна употреба на европските фондови за инфраструктурни проекти и директниот нивен придонес во економијата.
„Благодарни сме и натаму сметаме на полската про-активна и конзистентна политичка поддршка за отворање на пристапните преговори на ЕУ со Македонија. Сметаме и на натамошна практична поддршка од Полска, континуирано пренесување на полските искуства и експертиза за европската интеграцијата, во рамките на Скопската Конференција“, порача Попоски.
На целодневната конференција учествуваат високи државни службеници и експерти од неколку министерства на Македонија и Полска./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.