Црна хроника
Јавноста исклучена од судењето за дадилката

Јавноста беше исклучена од судењето за дадилката која е обвинета дека малтретирала деветмесечно бебе, јави репортерот на „Макфакс“ од судот.
Судијата рече дека јавноста се исклучува за да се заштити личниот и приватниот живот на обвинетата земајќи ја во предвид нејзината возраст и специфичноста на случајот, но и личниот и приватниот живот на жртвите, на бебето и на неговото семејство.Исто така, како причина за исклучување на јавноста судијата го наведе и влијанието на кривично- правниот настан врз развојот на детето.Претставниците на медиумите само влегоа да го снимаат и фотографираат почетокот на судењето, но дадилката го покри своето лице со рацете. На судењето беа присутни и оштетените.Родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале жената за да го чува нивното бебе, но се посомневале дека го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело.Бебето кое пет месеци го малтретирала дадилката која била ангажирана да го чува, било нервозно, невесело, врескало навечер, а неговиот татко ја начекал дадилката и како го удира по лицето.На 20 август таткото ненајавено влегол во домот во Скопје и ја забележал шеесет и едногодишната дадилка како со рака го удира по лицето. Но не изреагирал, мислејќи дека се работи за негов превид. Наредните денови поставил видео камера во својот дом со цел да го заштити своето дете и да утврди како за него се грижи дадилкaта.На видео снимката, којашто е објавена и во јавност, се гледа како дадилката го малтретира и тепа детето, му вика, го навредува, го штипи за рачето, го треска во релаксаторот и во раце, го тегне за уши.Тетката на бебето на социјалната мрежа Facebook објави видео од скриена камера што ја поставил таткото на бебето, на кое се гледа како дадилката наместо да го чува, го малтретира бебето./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.