Црна хроника
Демолирале гостилница бидејќи требало да затвори
Двајца браќа демориларе гостилница во Скопје и му се заканил на вработениот со нож бидејќи сакал да ја затвори гостилницата и на музиката и рекол да престане да свири.
Според МВР, во понеделникот изтрината околу 03,30 часот во ПС-Чаир, Ч.Ф.(49) од Скопје, пријавил дека околу 01,30 часот на ул„Александар Урдаревски“бб во ТЦ„Живко Брајковски“, во угостителскиот објект „Гуне“, додека бил на своето работно место, му се приближиле Ф.Н. од с.Сингелиќ и неговиот брат и истите почнале да го навредуваат и пцујат.
Причината за истиото било тоа што Ч.Ф. сакал гостилницата да ја затвори и на музиката и рекол да прстанат со свирењето, по што Ф.Н. извадил нож и му се заканил. Од страв да не биде повреден, Ч.Ф. избегал во нас. Бутел, по што напаѓачот заедно со брат му почнале да го бркаат. Откако не успеале да го фатат, се вратиле во гостилницата и го искршиле целиот инветар.
Увид на лице место извршила увида екипа на СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.