Црна хроника
Скопјанец се обидел да ја убие сопругата со нож и сатар
Скопјанец во неделата со нож и сатар ја нападнал својата сопруга и и нанел тешки телесни повреди.
Јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за четириесет и четири годишниот скопјанец за сторено кривично дело Убиство во обид. Едно од трите деца на брачните партнери било сведок на крвавиот напад што го извршил скопјанецот врз својата сопруга.По нападот, скопјанецот е приведен, а јавен обвинител по увидот на лице место донесе Наредби за вршење на потребни вештачења, собирање на траги од лице место како и сослушување на повеќе лица со цел расветлување на настанот.Обвинителството доставило предлог до судија на претходна постапка за определување на мерка притвор против осомничениот. Судот го прифатил предлогот, па со Решение на осомничениот му е определен притвор во времетраење од триесет дена./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

