Контакт

Надворешна политика

ЕУ сака дела, а не „убави зборови“ за решавањето на политичката криза

Објавено пред

Загриженоста кај Европската унија (ЕУ) во поглед на политичката криза во Македонија постојано расте, а тоа беше потврдено и во заклучоците кои минатата недела беа донесени од страна на Европскиот совет, од чија страна беше потенцирано дека постои „сериозна загриженост“, смета евроамбасадорот Аиво Орав, кој во четвртокот порача дека Унијата „сака да види повеќе дела, а помалку убави зборови“ за решавање на политичката криза во земјата.
 

dobivaj vesti na viber

Загриженоста кај Европската унија (ЕУ) во поглед на политичката криза во Македонија постојано расте, а тоа беше потврдено и во заклучоците кои минатата недела беа донесени од страна на Европскиот совет, од чија страна беше потенцирано дека постои „сериозна загриженост“, смета евроамбасадорот Аиво Орав, кој во четвртокот порача дека Унијата „сака да види повеќе дела, а помалку убави зборови“ за решавање на политичката криза во земјата.

 

 

„Во земјата луѓето разговараат за политичкиот дијалог, разговараме и ние и сакаме да се создадат услови за опозицијата да се врати во парламентот. Ние зборуваме за овие работи поради тоа што тие се европски вредности, а вие зборувате за нив бидејќи сакате да бидете дел од европското семејство. Само да посочам два примери, не верувам дека медиумите ќе бидат послободни доколку политичарите излезат на телевизиите и јавно кажат дека медиумите имаат слобода. Или пак доколку се збори за борбата против корупицијата и се напишат најдобрите говори дека постои борба против корупција, но тоа не значи дека таа борба се води. Во претстојните денови очекуваме повеќе дела, а помалку убави зборови“, порача евроамбасадорот.

 

Според него, загриженоста која ЕУ ја изрази во заклучоците на Советот не добила доволно внимание во земјава, а сегашната политичка состојба е нешто за коешто се говори како во Брисел, така и во останатите европски центри.

 

„Сметам дека треба да се донесат сериозни одлуки и тие што треба да ги направат овие одлуки не треба да се водат од партиските и личните одлуки, туку треба да имаат предвид дека поддршката за ЕУ е двојно поголема од онаа за партиите“, е ставот на Орав.

 

Во однос на посредството кое Унијата го врши во разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел, Орав изјави дека засега не е познато кога тие ќе продолжат, но дека она што е сигурно е дека Брисел ќе продолжи со ова, со цел страните да постигнат компромис.

 

„Продолжуваме на истиот начин, и пред некое време кога опозицијата не сакаше да се врати во Парламентот имавме посредник, тој работеше добро и се обиде да ја заврши работата но не успеа, но не поради него туку поради тоа што партиите не сакаа. Компромисот не е срам, компромисот е уметност и доколку некој постигне компромис, тогаш тоа е за гордеење.  Потребни се разговори, ние се обидуваме да помогнеме колку што можеме. Понудивме рамки, тоа го направила членовите на Европарламентот, и таа беше прифатена од двете партии. Европарламентаците имаа успех со ваквата рамка кога го направија тоа во Албанија, а зошто таа рамка да не успее и тука? Не е до тоа кој посредува, туку потребни се напори за разговори. Оваа рамка е тука и ние ги понудивме нашите услуги, и таа мора да се искористи“, изјави евроамбасадорот, додавајќи дека доколку нема ништо позитивно во текот на годината, тогаш и за Европската комисија ќе биде доста тешко во својот следен извештај за напредокот на земјата, кој ќе биде објавен во октомври, повторно да препорача отворање на пристапните преговори.

 

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими пак порача дека кога се однесува до улогата на ДУИ во оваа криза, партијата останува на своите јасни позиции, а тоа е дека државниот интерес треба да биде ставен пред партискиот.

 

 

„ДУИ има јасни позиции, дадени и преку соопштенијата од партијата, како и директно искажани од страна на претседателот на партијата Али Ахмети, а тие се дека не само во оваа состојба, туку дека ДУИ во контиунитет се труди да гради една пракса на државен интерес над партискиот интерес, а тоа е интерес за стабилноста на институциите со цел да се овозможи место простор и време за да се донесат одлуки во однос на стратешкиот интерес на земјата и тоа најмногу го посакуваат граѓаните на Македонија“, порача Бесими./крај/мф/бс

Извор: Фото/МИА

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија52 минути

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија5 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија7 часа

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија8 часа

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ8 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија8 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија10 часа

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...

Македонија10 часа

Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството

Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето...

Македонија10 часа

(Видео) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската...

Свет12 часа

(Видео) Објавено какво оружје Америка престанува да испраќа во Украина

САД ја прекинаа испораката на клучно оружје за Украина, вклучително и системи за воздушна одбрана кои беа клучни за Киев...

Свет13 часа

Мерц: Русија не води војна само против Украина, туку и против нас

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, синоќа изјави дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија. Во интервју...

Свет13 часа

Иран: Американските бомби сериозно го оштетија Фордоу

Американското бомбардирање на клучниот ирански нуклеарен објект Фордоу сериозно го оштети местото, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Араки,...

Македонија14 часа

Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не Ви е малку незгодно што на листата со ВИП-гости Ви беа лица што треба да Ви се на црната листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер. „Добро утро Амбасадорке Агелер,...

Свет15 часа

(Видео) Силна бура во Сиднеј: урнати дрвја, повеќе од 35.000 дома без струја, откажани десетици летови

Силна бура го погоди Сиднеј втор ден по ред, соборувајќи дрвја, оставајќи илјадници домови без струја и принудувајќи ги домашните...

Свет15 часа

Трамп: Израел се согласи на условите за 60-дневно примирје во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот...

Европа16 часа

(Видео) Бомбардер „су-34“ се урна во Русија

Руски борбен авион Су-34 се урна вчера за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ1 ден

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија1 ден

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...