Црна хроника
Охриѓанка преку уцена сакала да извлече 5.000 евра од притвореник

Охриѓанка барала поткуп од 5.000 евра за да сведочи во полза на лице што се наоѓало во притвор, соопшти СВР Охрид.
Според истиот извор, 49 годишната К.К. од Охрид во повеќе наврати од нејзиниот мобилен телефон, до В.Ш. од Охрид испратила смс пораки со цел преку него, од лицето А.Т. да оствари противправна имотна корист од 5.000 евра.
Бидејќи А.Т. се наоѓал во притвор, пријавената, преку порака барала од В.Ш. да оствари контакт со братот на А.Т. и да му земе 5.000 евра со цел таа, пред судот да даде исказ поволен за него.
Пријавената барала 3.000 евра да и бидат веднаш исплатени, а 2.000 евра на почеток на новата 2015 година.
Против неа е поднесена кривична пријава за сторено казнено дело „уцена“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 18-годишен скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога

Полицијата вчера вечер, на подрачјето на општина Аеродром, го уапси Х.В.(18) од Скопје.
Според информациите на МВР, при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.