Контакт

Региони

Во Битола одбележан 11 ноември Меѓународен ден на примирјето од Првата светска војна

Објавено пред

Амбасадата на Република Србија во Република Македонија и почесниот српски Конзулат со седиште во Битола, во вторникот на српските гробишта во Битола го одбележаа 11 ноември, Меѓународен ден на примирјето од Првата светска војна.
 

dobivaj vesti na viber

Амбасадата на Република Србија во Република Македонија и почесниот српски Конзулат со седиште во Битола, во вторникот на српските гробишта во Битола го одбележаа 11 ноември, Меѓународен ден на примирјето од Првата светска војна.

 

„Денес, од дистанца од еден век, нашите стремежи се насочени кон заеднича европска иднина во мир и просперитет. Со подадени раце за помирување отворивме нови страници за подобра перспектива на животот во мир, соработка и пријателство меѓу сите и со сите. Нашето подобро утре бара од сите нас уште повеќе меѓусебно уважување и толеранција“, рече српската амбасадорка Душанка Дивјак-Томиќ. Во своето обраќање на комеморацијата во Битола, српската амбасадорка Душанка Дивјак-Томиќ посочи дека на српските воено гробишта во Битола 11 ноември традиционално се одбележува како ден на сеќавање на потпишувањето на мирот со кој е завршена Првата светска војна.

,,Денес тоа го правиме во посебно свечена атмосфера бидејќи оваа година одбележуваме 100 години од новиот почеток. Се заблагодарувам на сите кои со своето присуство ја увеличаа комеморацијата по повод 11 ноември – Денот на примирјето од Првата светска војна и со тоа им оддаваме чест на сите српски војници и на сите жртви од четиригодишниот воен виор од 1914 до 1918 година“, рече амбасадорката.

Пораки за мир и соработка и извлекување на поуки од военото минато за крвавите војни никогаш повеќе да не се повторат денеска беа упатени во присуство на почесниот српски конзул Силјан Мицевски, претставници на локалната самоуправа, како и претставници на дипломатскиот и воениот кор во државата. Церемонијата ја проследија и голем број на припадници на српскиот народ во Република Македонија, како и претставници на здруженијата на потомците на српските татковински војни.

Српската амбасадорка Дивјак Томиќ во Битола уште еднаш ја потврди добрососедската соработка и заеднички цели на двете држави, односно што побрзо да се вклучат и формално во семејството на европските народи.

„Ние кои живееме на Балканот имаме историја преполна со војни. Човечките и материјалните страдања поради војните, поедеднакво се трагични за сите нас. Уверени сме дојде време тој несакан тренд да прекине засекогаш и единствениот рационален избор за сите нас да биде само мирот. Сепак тоа не ни дава право на ревизија на историјата, бидејќи историските факти се неумоливи без оглед на тоа колку се болни. Затоа не смееме да дозволиме овие жртви уште еднаш да бидат убиени и понижени. Денеска, од дистанца од еден век, нашите стремежи се насочени кон заеднича европска иднина во мир и просперитет. Со подадени раце за помирување отворивме нови страници за подобра перспектива на животот во мир, соработка и пријателство меѓу сите и со сите. Нашето подобро утре бара од сите нас уште повеќе меѓусебно уважување и толеранција. Нашата обврска е да им оставиме на генерациите кои доаѓаат попросперитетна и одржлива иднина“, рече таа./крај/мф/аш

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Трамп: Сакаме парче мраз за да го заштитиме светот, ќе ја изградиме најголемата златна купола на Гренланд

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во говорот на Светскиот економски форум во Давос зборуваше и за Гренланд. Тој кажа дека САД...

Македонија43 минути

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија2 часа

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија3 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија3 часа

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...

Македонија4 часа

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...

Македонија5 часа

Објавено колку Македонци живеат во Германија

Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле...

Топ5 часа

Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово...

Македонија7 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно...

Македонија7 часа

Обвинителството да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле....

Македонија7 часа

Граѓаните поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци, велат од Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура...

Македонија7 часа

СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“

„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и...

Свет9 часа

(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската. Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата...

Свет9 часа

(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го...

Европа9 часа

(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени

Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона. Според локалните власти, возот Родалиес...

Македонија9 часа

Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ....

Македонија23 часа

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија1 ден

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија1 ден

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...