Црна хроника
Едно лице загина, две повредени на автопатот Велес-Куманово

Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопат Велес-Куманово кај клучка Миладиновци.
Според соопштението на МВР, несреќата се случила околу 01,00 часот, при што ПМВ„Матиз“ со кумановски регистерски ознаки се превртело
Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Душко Р.(61) од Крива Паланка и истиот бил пренесен во ГОБ„Св. Наум Охридски“ каде околу 01,50 часот им подлегнал на повредите, додека со телесни повреди се здобиле возачот Б.Н.(59) и сопатничката С.Р.(58) и истите биле пренесени во Ургентен Центар и ГОБ„Св.Наум Охридски“за укажување на лекарска помош.
Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот и извршен е увид. Се работи на целосно расчистување на случајот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Обид за убиство во Виница: маж избоден четири пати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од овој град, по вербална расправија, со нож нападна друг маж, Д.С., нанесувајќи му четири убодни рани.
По нападот, напаѓачот веднаш побегнал од местото на настанот.
Сепак, полициските службеници по обезбедувањето на оперативни сознанија синоќа во Кочани го приведоа, Н.В.
Надлежното јавно обвинителство е известено и се работи на целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.