Црна хроника
Идентификувани разбојниците кои ограбија тетовец
Момче и девојка на возраст од 21 и 26 години се разбојниците што во саботата вечер нападнаа и ограбија тетовец, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полицијата ги идентификуваше разбојниците кои на 20-ти септември го нападнаа Ф.Н.(51) на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово.
Станува збор за С.Д.(21) од Кавадарци и С.А.(26) од Битола, кои времено престојувале во Тетово, а кои таа вечер го нападнаа тетовецот и му зедоа 260 евра и мобилен телефон.
Откако биле приведени, разбојниците во консултација со јавен обвинител се пуштени од полициската станица во Тетово и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Нападот се случи во саботата околу 23,45 часот додека жртвата го паркирала своето возило. Тогаш била пресретната од женското лице, додека машкото пришло одзади и го удрил тетовецот со тврд предмет во пределот на тилот. Откако паднал од џебот му ги одзеле парите и телефонот, по што избегале. Нападнатиот, притоа, се здобил со оток и расекотина на главата.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.