Европа
Исчезнат руски фоторепортер пронајден мртов во Украина
Рускиот фоторепортер Андреј Стенин, кој од почетокот на август се водеше како исчезнат, пронајден e мртов на територијата во Украина, соопшти во средата руската агенција РИА Новости, каде Стенин бил вработен.
„Нашиот колега, фотографот Андреј Стенин е мртов. Тој не бил заробен како што се мислеше претходно, туку загинал пред околу еден месец“, изјавил директорот на РИА Новости, Дмитриј Кисељев, пренесуваат странските агенции.
Истрагата покажала дека Сенин загинал додека извршувал новинарска задача во предградието на Снежное, во Донецкиот регион, откако неговиот автомобил се нашол под силен оган на украинската војска, се вели во соопштението на Рускиот истражен комитет.
Стенин на шести август управувал со својот автомобил покрај колона бегалци, која била заштитувана од страна на шест борци, припадници на проруските сили.
На патот од Снежное до Дмитровк врз нив бил отворен оган од страна на украинската војска, а во овој напад загинал фоторепортерот на РИА Новости, Андреј Стенин./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Холандија и подари на Украина 24 авиони Ф-16: „Употребата не е ограничена“
Холандија дава 24 ловци Ф-16 на украинските воздухопловни сили што ќе може да ги користи и против цели во Русија.
„Ограничувањата за тоа каде Украина може да ги користи никогаш не беа дискутирани“, рече холандската министерка за надворешни работи Ханке Бруинс СлотБруинс Слот, додавајќи дека употребата не е ограничена ни на границата во близина на Харков.
Министерката во заминување ги негира претходните извештаи дека САД треба да ја одобрат испораката на овие ловци.
Украина очекува да добие 30 белгиски Ф-16, но може да ги користи само против цели во Украина, бидејќи тоа се услови поставени од Белгија.
Европа
(Видео) Зеленски во Шведска: Само заедно можеме да го запреме лудилото од Москва
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша билатерален безбедносен договор со Шведска, еден од трите планирани со нордиските земји, бидејќи бара дополнителна воена поддршка од Западот во војната против Русија.
Соопштението доаѓа додека западните земји дебатираат дали да и дозволат на Украина да користи западно оружје за да нападне воени цели во Русија, поддржувајќи офанзива врз североисточниот украински град Харков.
„Можете да видите дека Русија се обидува да ја прошири војната… Само заедно можеме да го запреме лудилото од Москва“, рече Зеленски на потпишувањето на договорот, 13-ти таков договор што Киев го потпиша со западна земја.
Зеленски рече дека ќе потпише билатерални договори и со Норвешка и Исланд.
Воздушната одбрана, производството на муниција и заедничкото производство на оружје се на врвот на агендата на петочниот самит меѓу Зеленски и премиерите на Шведска, Норвешка, Данска и Исланд и претседателот на Финска.
Сите нордиски земји, кои цврсто ја поддржуваат Украина, се членки на НАТО.
„Постојано се повторува, вие буквално не се борите само за сопствената слобода, туку и за нашата слобода и нашата безбедност“, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон.
„Ова е причината зошто поддршката на Украина е толку фундаментална, егзистенцијална задача за Шведска и за сите други нордиски земји“, додаде тој.
Претходно овој месец, Шведска соопшти дека се согласила за дополнителна воена помош за Украина во вкупна вредност од 7 милијарди долари во текот на три години, додека во последните недели Норвешка преговараше за билатерален безбедносен договор со Киев.
Данска и Финска веќе потпишаа 10-годишни безбедносни договори со Украина во февруари и април, соодветно.
Европа
Едногодишно бебе паднало низ прозорец во Австрија: „Се обиде да се држи за саксија“
Едногодишно Ддтенце паднало од прозорец на станбена зграда во Отакринг, Австрија и се здобило со сериозни повреди на главата.
18-месечното бебе паднало од прозорец во четвртокот околу 20 часот додека родителите биле во другата соба, зафатени со другото бебе, јавуваат австриските медиуми.
„Се качи преку трпезариската маса на прозорецот од кујната и се лизна надолу“, раскажува сведок.
Како што објаснил, детето се обидело да се потпре на саксија што стоела на прозорецот.
Меѓутоа, бидејќи саксијата не била соодветно потпрена, се превртела и паднала, а момчето паднало по неа.
Малото момче се здобило со сериозни повреди на главата поради што е хоспитализирано и сместено на одделението за интензивна нега.
Според првичните информации, неговиот живот не е во животна опасност.
Австриската полиција ги приведе родителите поради сомнение дека од небрежност му нанеле телесни повреди на нивниот син.