Европа
Берлин против заканите од Виена за Грција

Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лејтнер ѝ се закани во саботата на Грција со „привремено исклучување“ од Шенгенската зона, доколку Атина не ја зајакне контролата на имигрантите на своите граници, што германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмер го оцени како „псевдо решение“.
„Доколку владата во Атина не преземе повеќе за безбедноста на надворешните граници на Европската унија, ќе мора отворено да разговараме за привременото исклучување на Грција од шенгенскиот простор“, рече австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лејтнер за неделниот број на списанието Die Welt.
„Псевдо решенијата како исклучување на држава од шенгенскиот простор не носат напредок и не го намалуваат приливот на имигрантите, туку ја делат Европа“, реагираше шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнамер во разговорот за медиумската групација Funke-Mediengruppe.
Микл-Лејтнер рече дека трпението на Европејците е при крај, како и дека многу се зборувало и оти сега треба да се дејствува. „Станува збор за заштитата на стабилноста, редот и безбедноста во Европа“, инсистира австриската министерка.
Штајнамер, пак, вели дека не постои решение на бегалската криза доколку изостане солидарноста. „Мораме да работиме во иста насока и да ги концентрираме сите наши сили во борбата против причините коишто ги тераат луѓето во бегство, за јакнење на надворешните граници на ЕУ и за постигнување праведна распределба на барателите на азил во Европа“, додава.
Грција, соочена со долгогодишната тешка економска криза, со месеци е соочена со обвинувањата дека не ги штити доволно своите граници кои се воедно и надворешни граници на Европската унија. Стотици илјади имигранти пристигнаа на грчките острови од турскиот брег. Тие потоа преку Македонија и ткн балканска рута тргнуваат кон западните европски земји, во прв ред Австрија и Германија.
Челниците на Советот на ЕУ во декември ја исклучија можноста за исклучување на Грција од шенгенскиот простор. „Правно не е можно да се исклучи една земја од шенгенскиот простор“, изјави луксембуршкиот министер за имиграција, Жан Анселборн, чија земја претседава со Советот.Портпаролот на грчкиот премиер Алексис Ципрас демантираше дека наводно од ЕУ му се заканиле со исфрлање од шенгенската зона./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан, исто така, рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа по телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радио „Кошут“.
Орбан, исто така, објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за околу две недели.
„Вчера претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе можат да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на координаторот на проруското „Николаевско подземје“ Сергеј Лебедев.
Украинските власти потврдија дека повеќе од десетина експлозии се слушнале во Криви Рих за време на воздушниот напад, но не го споменаа аеродромот.
Kryvyi Rih has indeed been subject to an awful attack.
At least 10 drones descended on the city in Dnipropetrovsk.
It's no known how many hit targets, but from this video we can see there were quite a few.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/tQRXmptF7F— Tim White (@TWMCLtd) October 16, 2025
„Беа избројани околу 15 експлозии. Силно гори во областа на аеродромот Лозовацки на север од градот, каде што има пет авиони, вклучувајќи ги и оние на НАТО. Оттаму, масовно се лансираат беспилотни летала кон јужниот дел на Русија: Крим, Краснодарска територија, јужно од Ростовската област“, рече Лебедев.
Русија тврди дека, покрај аеродромот, бил погоден и голем железнички центар со неколку хангари и складишта за оружје.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина да добие крстосувачки ракети Томахавк.
Trump said he told Putin: “You wouldn’t mind if I gave a couple thousand Tomahawk missiles to your opposition?” — adding that the Russian leader didn’t like the idea. pic.twitter.com/hYainBXRW9
— KyivPost (@KyivPost) October 16, 2025
„Го прашав: ‘Дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на вашите противници?’“, им рече Трамп на новинарите.
Тој додаде дека Путин „не бил задоволен што ја слушнал таа идеја“.
Трамп и Путин разговараа по телефон пред планираниот состанок на нивните советници следната недела и најавениот состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, кој треба да биде посветен на обидот за постигнување договор за војната во Украина.
фото: принтскрин