Црна хроника
Ученик нападнат со нож во средното училиште „Арсениј Јовков“
18-годишно момче вчера во претпладневни часови во средното училиште „Арсениј Јовков“ од страна на три, најверојатно, сите малолетни деца, било нападнато со нож, соопшти полицијата. По ова, тројцата напаѓачи физички нападнале и други уште тројца ученици, додаваат од МВР.
„Во 11.15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во средното училиште ‘Арсениј Јовков’ од страна на Е.Џ. на возраст од 17 години, 16-годишниот А.Б. и уште едно лице, со употреба на нож бил нападнат 18-годишниот С.Р. од Скопје, а потоа физички нападнале уште тројца ученици на возраст од 17 и 18 години по што го напуштиле местото на настанот“, се наведува во соопштението на полицијата.
С.Р., велат од полицијата, по нападот, веднаш бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош. Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

