Црна хроника
Двајца струмичани пријавени за изнуда на странски државјанин
Сопственик на агенција за обезбедување и претседател на невладина организација заработија од Струмица заработија кривични пријави поради изнудување со закани на странски државјанинин.
Сопственик на агенција за обезбедување и претседател на невладина организација заработија од Струмица заработија кривични пријави поради изнудување со закани на странски државјанинин.
Секретаријатот за внатрешни работи Струмица поднесе во саботата кривична пријава против 42-годишниот Ѓ.Д., сопственик на АОИЛ „Феникс“ од Струмица и 40-годишниот Р.С., претседател на НВО „Порта“ исто така од Струмица, за сторено кривично дело „изнуда“.
Пријавените во периодот од јули до септември 2013 година, во повеќе наврати со упатување сериозни закани по животот на фамилијата на дански државјанин, со престојувалиште во Струмица се обиделе да изнудат 50 илјади евра. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.