Црна хроника
Нормализиран сообраќајот по тешката сообраќајка кај Удово
Нормализиран е сообраќајот според полициските информации на магистралниот пат Демир Капија – Удово, на кој во понеделникот утрото се случи тешката несреќа во којашто животот го загуби осуммесечно бебе, а загрозени се животите на уште две настрадани лица .
Тешка сообраќакна несреќа се случи рано утринава на патот Демир Капија –Удово, и како што информираше полицијата кај месноста Лаки се случил сударот меѓу „форд фиеста и „шкода фабија“, со странски, односно српски регистарски таблички.
На местото на настанот увид направија екипи на полицијата и Јавен обвинител од Кавадарци.
Патници таод двата автомобилаи со возила на Итната медицинска служба се пренесени на лекување во велешката болница.
„Утринава во велешката болница донесени се седум лица. Осуммесечното бебе веќе било мртво, а на другите шест лица укажана им е соодветна лекарска помош. Животот на двајца од повредените е сериозно загрозен, и тие но и останатите повредени поради сериозноста на повредите се препратени на лекување на клиникит во Скопје“, рече др.Силвана Мишева, портпарол на Општа болница Велес./крај/мф/ди
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

