Црна хроника
Тројца полицајци ранети на Менхетен, напаѓачот убиен
Тројца полицајци, од кои двајца федерални шерифи и еден њујоршки полицаец, се ранети на Менхетен во престрелка во која е убиен осомничениот за нападот, соопштија локалните власти.
Инцидентот се случил во раните попладневни часови по њујоршко време, во центарот на Вест Вилиџ, кварт на Мехнетен кој е често посетуван од туристи. Полицијата ги преземала сите безбедносни мерки и ги блокирала повеќето соседни улици.„Колку што имаме информации, повредите со коишто се здобиле полицајците не се опасни“, изјавил градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио. „(Полицајците) Се судриле со вооружено лице кое го загубило животот“ додал началникот на њујоршката полиција, Вилијам Братон.Според американската телевизиска мрежа NBC News, престрелката се случила кога полицајците се обиделе да го уапсат лицето обвинето за силување, кое притоа дало отпор и отворило оган врз нив.Според телевизијата CNN станува збор за 32-годишник кој во 2012 година бил обвинет во Сан Диего за сексуален напад врз малолетно лице, но кое било пуштено од притвор со многу висока кауција, а по него била распишана висока награда./крај/мф/сн
Извор: Associated Press
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.