Свет
Железничка несреќа во Данска, има и загинати
Во железничка несреќа што утрово се случи на мост во Данска, има неколку загинати, соопшти полицијата.
Поради несреќата затворен е Големиот мост кој ги поврзува островите Зиланд и Фин, пренeсуваат данските медиуми.
Како што се наведува, се уште не се знае точниот број на мртви и повредени, а се апелира на сите граѓани да го избегнуваат тоа подрачје за полесно да се спасуваат луѓето заглавени во вагоните.
Според „Екстрабладет“ во несреќата загинале шест луѓе, а до несреќата дошло кога на мостот се разминувале патнички и товарен воз, при што делови од товарниот паднале на патничкиот. Од данската железница соопштиле дека има осум повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
13-годишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики
Трагичен настан се случи денеска на Халкидики кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром.
Трагичниот инцидент се случил околу 16:30 часот кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првите информации полесно е повредена и нејзината мајка.
Времето на Халкидики денеска е лошо со обилни врнежи од дожд, пренесуваат локални медиуми.
Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.
Свет
Русија со предупредување поради инциденти во Црното Море: „Може да има директна војна“
Русија издаде предупредување за американските шпионски беспилотни летала во Црното Море, дека нејзините сили ќе усвојат „мерки за брз одговор“ за да спречат потенцијални инциденти во воздушниот простор.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека американските беспилотни летала се повеќе се појавуваат над Црното Море и го обвини Вашингтон дека ги користи за извидување и размена на разузнавачки информации со Киев.
Тие додаваат дека новиот руски министер за одбрана Андреј Белоусов му наредил на Генералштабот на Армијата да преземе мерки против американските беспилотни летала.
Предупредувањето од Русија доаѓа откако американскиот секретар за одбрана Лојд Џеј Остин за првпат разговараше со Белоусов во вторникот.
„Зголемените летови на американските беспилотни летала над Црното Море укажуваат на зголемена вклученост на САД и земјите од НАТО во конфликтот во Украина на страната на Киев“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
„Ваквите летови во голема мера ја зголемуваат веројатноста за инциденти во воздушниот простор со авиони на руските воздушни сили, што го зголемува ризикот од директен конфликт меѓу алијансата и Руската Федерација. Земјите на НАТО ќе бидат одговорни за ова“, соопшти министерството, пренесуваат медиумите во регионот.
„Министерот за одбрана на Руската Федерација, Андреј Белоусов, му наложи на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација да подготви предлози за брз одговор на провокациите“, додаваат тие.
Свет
Британската принцеза Ана, помладата сестра на кралот Чарлс е отпуштена од болница по повреда на главата
Британската принцеза Ана, помладата сестра на кралот Чарлс, е отпуштена од болница откако закрепна од полесна повреда на главата, соопшти денеска Бакингемската палата.
Принцезата помина пет дена во болница поради полесна повреда на главата за која се верува дека ја предизвикал коњ, објави Ројтерс.
Кралски извор изјавил дека Ана доживеала потрес на мозокот и не можела да се сети што се случило.